Собрани првите 32 илјади евра за изградба на Манастирот во Гостивар

Date:

Share post:

Здружението за изградба на манастирската црква „Св. Преображение Христово“, синоќа во Гостивар ја одржа првата донаторска конференција за прибирање на средства за изградба на ова православно светилиште.

donatorska gostivarВо присуство на верници, претставници на компании и други гости беше претставен проектот, кој во иднина треба биде манастирски комплекс.

Надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во своето обраќање ја поздрави иницијативата на жителите на населбата Циглана, кои вложиле големи напори за да се почне градбата.

– Добро е што и оваа генерација продолжува да создава нови или да возобновува од старите градби. Денес и покрај економските состојби секоја епархија на свој начин е градилиште. Покрај во Скопје денес се градат храмови и во многу други места низ Македонија и меѓу Македонците по светот. Очигледно, духовните потреби и традицијата да издвојуваме за Бога, придонесуваат и оваа генерација да ја красат бројни ктиторски и неимарски тајфи, рече митрополитот г. Јосиф.

Претседателот на здружението Даниел Радески, се збалагодари на сите кои досега го помогнале градењето на манастирот и на сите помагатели им врачи благодарници. Тој потсети дека во Гостивар по пауза од 120 години се гради нов православен храм. Особена благодарност му искажана на Крсте Спасеноски кој ја даруваше парцелата од 10.000 квадратни метри.

– Оваа идеја стана реалност во октомври 2014 година, откако по подготвителните работи, поддршката на локалните власти и добивањето на благослов, беше поставен камен темелникот. Зад секоја голема работа и зад секој успешен проект покрај желба, потребна е и неизмерната помош, која ја добиваме, нагласи Радески.

На синоќешната донаторската конференција за изградба на манастирот, поединци и компании во пари и материјали даруваа 32.220 евра.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...