Суштината на Страдалната седница, постот, деновите пред Воскресението, самото Воскресение, што е целта, што е Велигден, се само дел од новата епизода од поткастот „Смисла“, во која отец Бобан и сестра Ефимија, разговораат со отец Кирил, архимандрит од Бигорскиот манастир.
Што нè води низ длабочината на Страдалната Седмица, од Лазаревото воскресение и Влегувањето во Ерусалим, до тајната на Крстот и светлината на Воскресението. Што навистина значат Христовите страдања? Зошто биле неопходни – и што зборуваат тие за нашите лични болки, загуби и борби денес? Дали Воскресението е само историски настан или жива реалност што може да го преобрази секојдневието?
Во оваа епизода отворени прашања за се што допира до сите: зошто бегаме од страдање, како да најдеме утеха кога сè изгледа безизлезно, и дали верата оди рака под рака со личната борба. Во емисијата се говори и за смислата во современиот, брз свет – и дали токму Воскресението може да биде одговор на чувството на празнина. Погледнете ја новата епизода и откријте што значи да се живее Воскресението – овде и сега.
