Почетна Вести Христијанство Синодот на МПЦ-ОА и се заблагоради на Руската црква и пронајде „злонамерни аналитичари“
Синодот на МПЦ-ОА и се заблагоради на Руската црква и пронајде „злонамерни аналитичари“

Синодот на МПЦ-ОА и се заблагоради на Руската црква и пронајде „злонамерни аналитичари“

813
2

Синодот на МПЦ-ОА и се заблагодари на Руската црква за признавање на автокефалноста. Во соопштението од заседанието на македонските владици констатираат дека со голема радост ја примиле вест за одлуката на Руската црква. Во меѓувреме повикуваат, таканаречени ексоперти да не му наштетувале на процесот за признавање на автокефалноста.

Соопштетнието во продолжение во целост.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 30 август 2022 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции и односите со Помесните Православни Цркви.

Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих.

Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква.

Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх.

Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.

Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА

Коментар(2)

  1. So drugi zborovi: Rusite ne’ prifati kako braća vo Hrista, a nie od blagodarnost im isprativme tenkovi na Ukkraincite da se borat protiv braćata Rusi, a na Srbite im se zablagodaruvame so obučuvanje na Šiptarite od Kosovo za borba protiv Srbite.

    1. Едни тенкови што имаме ние … кога ги видоа Русите, веднаш побегнаа … и затоа од уплав не признаа и прифатија …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *