Почетна Вести Христијанство Пахомије „специјален гостин“ во Свети Јоаким Осоговски
Пахомије „специјален гостин“ во Свети Јоаким Осоговски

Пахомије „специјален гостин“ во Свети Јоаким Осоговски

1.18K
0

Врањскиот епископ г. Пахомије беше специјален гостин на празникот посветен на Свети Јоаким Осоговски, што всушност е и манастирска слава на истоимениот манстир во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ-ОА. Како гостин му беше укажана честа да ја води Светата Архиерејска Литургија, во која учествуваа и четворица владици на МПЦ-ОА.

За настанот извести и самиот Пахомије на неговата епархиска интернет страница. Во текстот стои дека служел во Охридската Архиепископоија, а МПЦ ја стави во загради. Но, затоа пак не пропуштил во текстот да посвет поголем дел од историјата на манастирот поврзана со српската средновековна власт.

-На покана од Митрополитот кумановско-осоговски од Охридската Архиепископија (МПЦ), господин Григорије, а по повод манастирската слава на Свети Јоаким Осоговски на 29 август 2022 година Неговото преосвештенство Епископот врањски господин Пахомије началствуваше со Светата архиерејска Литургија во манастирот Свети Јоаким Осоговски. На Епископот му сослужуваа домаќинот Митрополитот кумановско-осоговски господин Григорије, Митрополитот тетовски господн Јосиф, пензионираниот митрополит кумановско-осоговски господин Јосиф, викарниот Епископ стобијски Јаков…(..) Потсетуваме и тоа дека Осоговскиот манастир се наоѓа во близина на градот крива Паланка, на падините на Осоговските планини. Манастирот повеќе пати е посетуван, помаган и обновуван од Српските владетели Немањичи,особено од Светиот крал Милутин и неговиот син Св. Стефан Дечански. Манастирот се споменува во списите на царот Калојан(1196-1207). Во кралските летописи (од 1505) се наведува дека српскиот крал Стефан Урош II Милутин (1282-1321) дозволил да се изгради црква посветена на Светиот Јоаким Осоговски. Во Годината 1330, српскиот крал Стефан Урош III Дечански (1321-1331) претстојувал во манастирот пред битката кај  Велбужда. Во овој манастир се замонашил и познатиот српски подвижник и светогорски старец Исаија (околу 1350). Во рамки на манастирот извесно време помеѓу двете светски војни работела монашка школа. Кралот Александар II Караџорѓевиќ го посетил 1924 година…, пишува во текстот на интернет страницата на Врањаската епархија, посветена на овој настан.

Ова е само дел од серијата јавни настапи на владици на СПЦ во кои, иако го признаа името на МПЦ-ОА, користат сосема поинакви формулации од она што на хартија го напишале. Последен таков случај беше спомнувањето на Архиепископот Стефан како Архиепископ на Северна Македонија од страна на српскиот Патријарх Порфириј.

Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ пред еден месец во текст за грчаката јавност, објавен во Ромфеа, објаснуваше дека признавањето на името „Македонската православна црква – Охридска Архиепископија“ било само за потребите на МПЦ-ОА и дека тие (СПЦ) секогаш тоа име го ставеле во наводници и не го употребувале.

Инаку на литургијата што Пахомије ја служеше гости беа и комплет претставници на политичкиот естаблишмент на државата. И опозицијата и власта.

Врањскиот епископ Пахомије е еден од најконтраверзните српски владици во поновата историја на СПЦ. За Епископ Врањски е избран 1992 година и од тогаш целосна негова заслуга е што во Манастирот Свети Прохор Пчински, кој е под негова управа, да нема ништо што потсетува на АСНОМ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *