Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА и ПОА ќе седнат на зедниичка маса – како ќе се реализира спојувањето во една црква?
МПЦ-ОА и ПОА ќе седнат на зедниичка маса – како ќе се реализира спојувањето во една црква?

МПЦ-ОА и ПОА ќе седнат на зедниичка маса – како ќе се реализира спојувањето во една црква?

523
1

Владиците на МПЦ-ОА и на ПОА ќе седнат на заедничка маса за дасе договороат како де се интегрираат во една црква. Тоа за Плусинфо го потврдил владиката Преспанско-пелагониски г. Петар.

-Се договоривме дека наскоро треба да се договориме.  Вака ни одговори митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар на прашањето какви одлуки биле донесени на вчерашната седница на Синодот, а во поглед на интеграцијата на архијереите од Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА). Како што објасни владиката, црковниот врв на МПЦ-ОА наскоро ќе се сретне со владиците од ПОА и на таа средба ќе им бидат претставени, односно понудени неколку предлози за нивна интеграција, пишува Плусифо.

– На синодската седница донесовме одлука дека треба да седнеме на иста маса со архијереите од ПОА и да разговараме очи в очи. Откако ќе го одржиме тој состанок, а ве уверувам дека ќе биде за брзо време, тогаш ќе се знае отприлика во која насока ќе се движат работите во поглед на нивното прашање. Но, гледано од аспект дека ние веќе сме автокефална црква, автоматски на некој начин е решено нивното прашање. Ова го кажувам во смисла дека не може да има паралелна канонска црква на една иста територија. Многу добро знаеме дека Српската православна црква ја воспостави ПОА на нашата територија, но истата таа СПЦ сега нам ни додели автокефалност и со самото тоа се укинува функционирањето на ПОА. Сега се поставува само прашањето како ќе се интегрираат владиците од ПОА во нашата црква. Јас мислам дека е сосема разбирливо дека таа интеграција мора да биде во договор со нив – објаснил за поратол владиката.

На прашањето од Плусинфо, дали е сѐ уште во игра сценариото да се испрати во пензија поглаварот на ПОА, г.г. Јован, еден епископ да остане под капата на СПЦ, а останатите двајца владици во улога на хороепископи да заминат во манастир, владиката Петар потврдил дека сѐ е можно.

Од ПОА кратко за Плусинфо одговориле дека засега до нив не е пристигната никаква покана за состанок со црковниот врв на МПЦ-ОА.

-Инаку, според црковните канони, на еден владика може да му се одземе епархијата само на два начини: или со судска пресуда или по докажана телесна немоќ, потврдена од двајца лекари-специјалисти. Не постои друг начин како еден активен епископ со стаж подолг од 15 години одеднаш да биде назначен за хороепископ и да биде испратен да служи в манастир под власт на друг епископ, пишува Плусинфо.

Целиот текст ОВДЕ.

Коментар(1)

  1. Sekade vo svetot kaj postoi SPC, postojat i eparhii na MPC, vo Hrvatska, Slovenija, vo Evropa, vo Amerika, vo Avstralija. Vo Srbija ima i Ruska crkva. Zošto Srbite samo vo Severna Makedonija da nemaat svoja crkva, a poveke od 800 godini se crkveno prisutni vo Severna Makedonija. Ušte vo carstvo to na car Dušan postoela dve avtokefalni crkvi, Ohridska arhiepiskopija i Pećka Patrijaršija., a toj ednako bil milostiv i prema dvete. Sega znači, patrijarh ot Porfirije dodeli AVTOKEFALNOST??? na crkva koja e negacija, koja go istisnuva postoenje to na SPC i Srbite gi ostava samo vo S. Makedonija bez zakrilje na majka crkva {SPC)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *