Почетна Коментар Шамбевски: Имаат ли единство епископите како да се слави Бадник?
Шамбевски: Имаат ли единство епископите како да се слави Бадник?

Шамбевски: Имаат ли единство епископите како да се слави Бадник?

301
0

Би било добро високопреосвештенејшите епископи наши да не испраќаат збунувачки пораки до верните, да си ги приберат свештенослужителите и ако е потребно на САС да заземат заеднички став околу јануарските празници.

Знам дека не им е мило да ги гледаат верниците збунети, оние вцрковените надмени па ја преземаат улогата на свештениците и кажуваат што е правилно што не е и се опрелестуваат, овие другиве им велат, со право, кои сте па вие да ни кажувате, поповите збунети дали да излезат на огновите или не, дали да благословат дабови гранчиња или не, дали да благословат лепче со паричка или не… па гледаш со социјалниве мрежи еден епископ пушта поука ништо од ова да не се прави, друг пак распоред кај ќе служи што сѐ ќе прави и благословува… една жена што секоја литургија ја гледам во црква вика сега паричка треба или не треба, ааа јас ќе си направам и за Бадник и за Василица…

Простете вака пред причест што си ја валкам мислата ама па Вие сте должни да унифицирате како ќе се прославува, зошто па кога Ви одаваме почести Вам ви викаме верно да го чувате словото на неговата вистина… епа… знаете што треба да направите!

Благословени празници и простете за искреноста.

/Фејсбук статус – Оливер Шамбевски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *