Се редат реакции за идејата за Босанска православна црква – СПЦ гневна

Date:

Share post:

Дабробосанската митрополија ќе побара одговор од Исламската заедница дали поранешниот реис Мустафа Цериќ ги претставува и дали ги поддржуваат неговите идеи за т.н. „босанска православна црква“. Дабробосанскиот митрополит Хризостом ваквите изјави ги оценува како сулуди и ги споредува со идеи кои се поврзуваат со НДХ.

За национализмот и омразата на Цериќ, вели митрополитот, сведочат и бројни текстови во кои тој зборува дека српскиот и православниот народ е болен.

„Тој уште во 1999 година зборуваше за болест на српскиот народ, само затоа што Србите се чувствуваат како православни Срби и што не ја прифатија ниту доктрината на Анте Павелиќ, ниту неговата доктрина од 1991–1992 година“, порачува митрополитот Хризостом.

Тој истакнува дека идејата за обновување на православна црква во БиХ е сулуда.

„Ние постоиме овде како православна црква уште пред Свети Сава“, јасен е митрополитот Хризостом, пренесува РТРС.

Пензионираниот поглавар на Исламската заедница во БиХ, Мустафа Цериќ, ја изнесе идејата за „Босанска православна црква“, на што од Српската православна црква (СПЦ) му порачаа дека таа никогаш не постоела, ниту некогаш ќе постои.

„Обновата на ‘Босанската црква’, во облик на автокефална ‘Босанска православна црква’, би била чин на враќање на рамнотежата – меѓу верата и државата, меѓу традицијата и современоста, меѓу идентитетот и соживотот. Таа би симболизирала прекин со монополите и туторствата кои со децении ја држат Босна во туѓи наративи и враќање кон принципот дека босанската духовност треба да се обликува во Босна, за Босна и во лојалност кон босанската историска државност“, наведе Цериќ, пренесува „Слободна Босна“.

Прв реагираше епископот бихачко-петровачки Сергиј, кој изјави дека е крајно време Исламската заедница во БиХ да се огради од истапите на Цериќ во врска со формирањето на босанска православна црква и предупреди дека тоа се опасни зборови кои нема да придонесат за зацврстување на мирот и заедничкиот живот.

„Токму кога се појави малку здив од опасната реторика, која на оваа земја никогаш не ѝ донела мир, туку немир, судири и војни, одеднаш, без никаква причина, се појави поранешниот поглавар на Исламската заедница во БиХ, а подоцна и поранешен кандидат за член на Претседателството на БиХ, Мустафа Цериќ, со предлог за формирање на босанска православна црква“, наведе епископот Сергиј, пренесе Срна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img