Фанар не молчи: Вселенската патријаршија со одговор на нападите од Русија

Date:

Share post:

Вселенската патријаршија со официјално соопштение реагираше на изјави на руски државни институции насочени против Вселенскиот патријарх Вартоломеј, оценувајќи ги како уште еден во низата напади кои се повторуваат по доделувањето на автокефалноста на Православната Црква во Украина во 2018 година.

Во објавата на официјалната интернет-страница на Вселенска патријаршија се наведува дека Патријаршијата со жалење ги констатира ваквите изјави, кои, како што се истакнува, содржат дезинформации, навреди и „фантастични сценарија“ насочени кон личноста и мисијата на Патријарх Вартоломеј.

Од Вселенската патријаршија потсетуваат дека и покрај бројните напади и притисоци од црковни и политички кругови во Русија во изминатите години, доследно се придржуваат до принципот да не одговараат на вакви обвинувања, продолжувајќи ја својата духовна и канонска мисија.

Во соопштението се нагласува дека ваквите изјави не можат да ја поколебаат Вселенската патријаршија во нејзината улога како гарант на канонскиот поредок и единството во православието.

Односите меѓу Вселенската патријаршија и Московската патријаршија се значително влошени од 2018 година, кога беше признаена автокефалноста на Православната Црква во Украина, што доведе до длабок црковен и геополитички спор кој и понатаму има одраз врз меѓуправославните односи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here