Рускиот патријарх Кирил, откако денеска се вратил во Москва, на својата фејсбук страница прогласи „победа“ за позициите на Руската црква на подготвителната конференција што денеска заврши во Шамбези, Женева.
Патријархот московски и на цела Русија, напиша дека Соборот на Православната црква нема да се одржи во Истанбул и дека тоа е резултат на тоа што биле прифатени позициите на Руската црква.
-Ја предложивме Света Гора, Родос или некое трето место. Константинополскиот патријарх го предложи Крит. Ние се разбира го прифативме, нашиа Рускиот патријарх, на својата Фејзбук страница,
Кирил смета дека извојувал победа и во тоа што на следниот Собор нема да се разгледува состојбата во Украина и нема да се доделува ниту една „Автокефалија“ за ниту една црква, ниту пак ќе се легализира нечиј автокефален статус. Тоа, вели Кирил треба да биде порака до сите кои го „поддржуваат расколот во Украина“.