Почетна Вести Рускиот патријарх дванаесет дена во посета на Латинска Америка
Рускиот патријарх дванаесет дена во посета на Латинска Америка

Рускиот патријарх дванаесет дена во посета на Латинска Америка

120
0

Рускиот патријарх Кирил ќе биде 12 дена во посета на држави од Латинска Америка. Посетата ја почна денеска од Куба, а потоа во следните денови до 22 февруари ќе ги посети и Парагвај и Бразил.

На прес-конференција во Москва, претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, Митрополитот Иларион Алфеев ја презентираше програмата за посетата на Патријархот.

Во Куба, Кирил патува на покана на Раул Кастро. Кирил ја има посетено Куба и како Митрополитот и претседателот на Одделот за надворешни црковни работри, во 2009 година.

Во септември минатата година, Патријархот Кирил, по неколкуте пока и од Кастро реши да ја посети Куба и како Патријарх. Поводот е 45-годишнината од осветувањето на првата црква на Московската Патријаршија во Хавана,посветена на „Свети Константин и Елена“.

RPC 1Според програмата предвидена е и средба на Патријархот со Фидел Кастро. Во недела, на 14 февруари, Неговата Светост ќе ја служи Божествена Литургија во Руската православна црква во Хавана.

14-15 февруари, Патријархот Кирил ќе ја посети Република Парагвај, на покана на претседателот на државата, Мануел Картес. Посетата ќе биде во чест руската емиграција, која во 1920-1930 година дала значителен придонес за развојот на Парагвај, правејќи научни експедиции во оддалечените области на земјата.

15 февруари празникот на Сретение Господово, Неговата Светост Патријархот ќе отслужи Божествена Литургија во Руската Црква „Света Богородица“ во Асунсион. Тогаш тој ќе го посети рускиот дел на градските гробишта. Истиот ден, Кирил ќе се сретне со претседателот на Парагвај,.

Посета на на Бразил е темпирана за 95-годишнината од доаѓањето на руските бегалци од Галиполе во Рио де Жанеиро, како и на 70-годишнината од создавањето на Аргентинската и Јужна Американска Епархија на Руската Православна Црква.

Посетата ќе почне со посета на главниот град Бразилија, каде Неговата Светост Патријархот ќе се сретне со претседателката на Бразил Вилма Русев.

Кирил ќе го посети и Рио де Жанеиро, каде ќе служи на планината на статуата на Христос Спасителот.  Посета на Бразил ќе заврши во недела на 21 Февруари со посета на Сао Паоло.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *