Руската православна црква гради култ кон личноста на Владимир Путин, претставувајќи го како лидер со посебна божествена мисија

Date:

Share post:

Руската православна црква систематски придонесува кон создавање култ кон личноста на рускиот претседател Владимир Путин, прикажувајќи го како носител на посебна божествена мисија и како незаменлив „православен лидер“, предупредуваат украинските власти.

Според информации на Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, патријархот на Руската православна црква, Кирил, во јавна проповед во главната катедрала во Москва го нарекол рускиот претседател Владимир Путин „православен лидер“, а неговото владеење го опишал како „чудо Божјо“ и како плод на „молитвите на светителите“.

Украинскиот центар оценува дека ваквата реторика одамна ги надминува рамките на религиозното. Наместо духовна порака, таа претставува сакрализација на политичката власт, со што Путин се прикажува како фигура со посебно божествено призвание и историска мисија. Овој пристап, според анализата, е класичен пример за градење култ кон личноста, каде политичкиот водач се издигнува над критика и се претставува како незаменлив.

Во извештајот се нагласува дека ваквите изјави уште еднаш потврдуваат дека Руска православна црква не функционира како независна религиозна институција. Напротив, религиозниот јазик и симболика се користат како средство за идеолошко обликување и мобилизација на општеството во корист на властa во Кремљ.

Центарот потсетува дека улогата на Руската православна црква во милитаризацијата на руското општество, оправдувањето на војната против Украина и ширењето на државната пропаганда под превезот на „духовни вредности“ е повеќепати документирана. Во таа смисла, РПЦ се опишува како еден од инструментите на руската државна пропагандна и идеолошка машина, со активна улога во легитимирањето на насилството и авторитарната власт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img