Вселенскиот патријарх Вартоломеј повторно поканет на Светскиот економски форум во Давос

Date:

Share post:

Како и во изминатите години, и оваа година Вселенски патријарх Вартоломеј доби покана да учествува на Светски економски форум што традиционално се одржува во Давос-Клостерс, Швајцарија.

Годинешната средба беше посветена на темата „Дух на дијалогот“. Поради однапред преземени обврски во неговото Патријаршиско седиште, Вселенскиот патријарх не беше во можност лично да присуствува на овој значаен меѓународен настан.

Сепак, Вселенскиот патријарх изрази надеж дека состанокот, кој ги обединува водечките личности од политиката, економијата, интелектуалниот свет и меѓународните организации, ќе донесе плодни резултати. Во духот на годинешната тема, тој посака форумот да придонесе кон продлабочување на меѓусебното разбирање, унапредување на соработката и зајакнување на мирот на глобално ниво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img