Руската православна црква почна да користи закани во обид да спречи православните цркви да ја поддржат одлуката на Вселенската Патријаршија да додели автокефалност во Укрина.
На удар се најде Ерусалимската Патријаршија, а заканата ја испрати секретарот на Руската православна црква во Ерусалим, најавувајќи дека РПЦ ќе го суспендира учеството во службите во Црквата на Светиот Гроб, ако Ерусалимската Патријаршија зазеде страна на Константинополската Патријаршија.
-Ако Ерусалимската Патријаршија зазеде страна на Константинополската Патријаршија и, како резултат на тоа, му овозможува на Филарет да служи на Светиот Гроб и во неговите други цркви во Светата Земја, тогаш ќе мораме да престанеме да служиме со нив. Всушност, ова ќе биде продолжение на скандалот и, најверојатно, претпоставувам дека ќе биде неопходно да се прекине комуникацијата со Ерусалимската Патријаршија, изјавил секретарот на РПЦ во Ерусалим.
/РИА Новости

