Почетна Документи Религискиот живот во Македонија низ султанските фермани
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол, до кадијата во Река, со кој му наредува да им забрани на жителите од Ростуше, Велебрдо да се мешаат во имотот на манастирот „Св. Јован Бигорски“. (1838 октомври 20)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол до кадијата во Река, со која им забранува на месните власти да не му пречат на Јоанинис, митрополит на Дебар и Река, со камбани да ги кани своите припадници во с. Требиште и во манастирот „Св. Јован“. (1838 мај 10)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол до кадијата во Дебар, со кој им забранува на чиновниците и воените лица да бараат конаци и да го беспокојат Јанинис од с. Требиште, митрополит на Дебар и Река, бидејќи митрополитите се ослободени од такви барања врз основа на царските берати.  (1838 мај 10)
Ферман од Султанот Махмуд II - Константинопол, со кој се забранува секаква инспекција и ревизија, и да не се мешаат во работите на црквата „Св. Јован“ - Претелча од лица на власт, освен со царска повелба  (1816 октомври 13)
Ферман до валијата на Косовскиот вијалет Рустем Паша и Кнатов Наиб, со кој се одобрува поправка на црквата „Св. Никола“ во Кратово, по предложените услови. (1860 крај на февруари, почеток на март)
Ферман за изградба и доградба на црквата „Св. Ѓорѓија“ во с. Град (Делчево)  (13-22 јули 1856)
Ферман од Абдул Меџид – Константинопол, до мутесарифот на Скопскиот ајамет Мехмед Аки Паша, со Скопскиот дефтерд Есеид Мустафа Решид, до кадијата и првенците во Тетово, со кој им се наредува пазарниот ден во гр. Тетово, да биде сабота, а не недела, кој е празничен ден на христијаните.  (1855 јануари 23)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до валијата на битолскиот вилает и до членовите на меџлисот во Битола, со кој им се наредува да издадат одобрение за изградба на црквата во с. Драгош, Битолски кадилак, на местото на изгорената.  (1904 февруари 18)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до битолскиот валија Мехмет Ејуб Паша и до членовите на меџлисот во Битола, со кој им се наредува да им издадат дозвола за поправање и изградба на камбанаријата на црква во с. Орта Три (Средно Три   (1902 август 31)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до битолскиот валија Абдул Керим Паша и до меџлисот во Битола, со кој им наредува да издадат одобрение на жителите од с. Томино Село, нахија Порече, Кичевски кадилак, за изградба на нова црква на темелите на старата.  (1900 март 6)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до битолскот валија Абдул Керим Паша и до членовите на битолскиот меџлис, со кој им се наредува да се даде дозвола за изградба на разрушената црква „Св. Атанас“ во с. Тополница, Кичевски кадилак.  (1900 март 6)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до Битолскот валија Абдул Керим Паша и до членовите на меџлисот во Битола, со кој им се наредува да му се дозволи на битолскиот митрополит да изврши поправање на црквата во с. Крсоар (Христофор), Битолски кадилак  (1897 ноември 6)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до битолскиот валија Абдул Керим Паша и битолскиот меџлис со кој им се наредува да им издадат одобрение на жителите од с. Грбулево, Битолски кадилак да изградат црква. Селото има 11 куќи и 135 жители што и припаѓаат на фушелиската заедница  (1897 јуни 21)
Ферман од Абдул Хамид II до битолскиот валија Фаик Паша и до членовите на Меџлисот, со кој им се наредува, на жителите од с. Еристос (?), Прилепски кадилак, да им се одобри изградба на нова црква во истото село, врз темелите на старата црква за сума од 4350 гроша што ќе бидат доброволно собрани од самите жители.  (1892 февруари 4)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до битолскиот валија везирот Ахмед Ејуп Паша, до битолскиот кадија и другите првенци во Битола, со кој им се наредува да им се одобри на жителите од с. Будимирци, Прилепски кадилак, да изградат нова црква во регионот на старата црква со помошта собрана од селото.  (1884 мај 21)
Ферман од Абдул Хамид II – Константинопол до Битолскиот валија Ахмед Ејуп Паша, до кадијата и муфтијата во Битола, со кој им се наредува да им дозволат на жителите од с. Ушерлер, Битолски кадилак, изградба на нова црква.  (1884 март 25)
Ферман од Абдул Азис – Константинопол до Битолскиот валија Мехмед Рифат Паша и до другите првенци во Битола, со кој им се наредува да дадат дозвола на жителите од с. Крклино, Битолски кадилак за изградба на нова црква на местото на разрушената.  (1876 мај 19)
Ферман од Абдул Азис – Константинопол до Солунскиот валија везирот Сабри Паша, до мутесарифот на битолскиот санџак Амет Паша и други првенци во Битола, со кој им наредува да им се дозволи на жителите на с. Драгош да вршат поправање на црквата во нивното село.  (1870 ноември 1)
Ферман од Абдул Азис – Константинопол до Солунскиот валија везирот Абди Паша, до мутесарифот на Битолскиот санџак Ахмед Паша и до кадијата и муфтијата во Прилеп, со кој има наредува ако немаат месни пречки, на христијанските жители на Прилеп да им издадат дозвола за изградба на нова црква, а ако постојат пречки да се извести царскиот двор.  (1869 октомври 27)
Ферман од Абдул Меџид – Константинопол до кајмакамот на Охридски санџак Ахмет-Мухтас, до првенците во Охрид, со кој им се наредува да им се даде дозвола за изградба на разрушената црква „Св. Никола“, во село во Охридски кадилак. (1857 јуни 22)
Ферман од Абдул Меџид – Константинопол до Солунскиот валија Бекир Сами Паша, до Солунскиот кадија и до членовите на меџлисот, со кој се наредува да издадат дозвола за поправање на црквата „Св. Параскева“ во с. Лефтер, нахија Вардариџе, Солунски санџак.  (1849 јули 6)
Ферман од Махмуд II – Константинопол, до битолскиот кадија, со кој му соопштува дека Митрополитот на заедницата во Истанбул поднел жалба до царскиот двор, за мешање на битолските власти во работата на митрополитот Герасимос. Наредува да се постапува врз основа на царскиот берат и законските прописи   (1837 февруари 20)
Ферман од Махмуд II – Константинопол до битолскиот кадија, со кој му наредува да не зема пари при издавањето дозволи за погреб на христијаните.  (1836 март 4)
Ферман од Махмуд II – Константинопол, до Битолскиот кадија, со кој му наредува да им забрани на битолските власти да се мешаат во работата на битолскиот митрополит Симче.  (1835 јуни 16)
Ферман од Махмуд II – Константинопол до Битолскиот кадија, со кој се наредува да се даде дозвола за поправка на црквата „Св. Димитрија“ во с. Магарево – Битолски кадилак.   (1833 декември 29)
Ферман од Халид Хан – Истанбул, до Битолскиот валија Фаип Паша, до Битолскиот кадија и др. првенци, со кој им соопштува да им одобрат на населението од Ресенска нахија – Битолска каза, изградба на нова црква, со средства од најбогатите лица и тоа под услов секоја година да плаќаат десеток за земјата во износ од 80 грошеви. (1893 јануари 16)
Ферман од Абдул Хамид Хан – Истанбул, за воспоставување на бугарската егзархија (1870 март 10)
Ферман од Мехмед Решад V – Константинопол, до Халил бег, битолски валија, Фехли ефендија, битолски кадија и на членовите на Управниот одбор, да им одобрат на жителите од с. Света, Демир Хисраско да изградат своја црква на државна земја. (1910 декември 27)
Ферман од Абдул Меџид Хан до Охридскиот кајмакам и до кадијата и муфтијата во Долни Дебар, со кој има наредува да дозволат да се извршат поправки на разрушената црква „Св. Димитрија“ во с. В’лковија – Дебарско. (1851 ноември 10)
Ферман од Абдул Меџид Хан – Константинопол, до кадијата во Дебар, да им забрани на месните власти да се мешаат во работите околу поправките на црквите во реонот на Дебарска митрополија.  (1840 март 4)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол, до кадијата во Дебар со кој му наредува правилно да го реши спорот за нивите во с. Требиште помеѓу Васил Петре и игуменот Арсение од една страна, и Хасан од друга  (1839 јули 13)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол до кадијата во Охрид, со кој му наредува да го реши спорот меѓу игуменот Арсение, сопственик на една ливада во месноста „Радика – Драгор“, Реканска нахија, Охридски кадилук и Хусеина – мутесариф на Ореово.   (1838 октомври 20)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол, до кадијата во Охрид, со кој наредува да се забрани на селаните од Ростуша и Велебрдо да ги користат манастирските имоти, како и сечење на пр. шуми.  (1838 октомври 20)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол до кадијата во Тетово, со кој наредува имамот Есад Мехмед Емин да не се вознемирува, во џамијата изградена од пок. Мехмед Паша Качанички во Гостивар.   (1837 мај 26)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол до кадиите во Ќустендил, Штип, Кратово, Кочани и Радомир, со кој им соопштува дека Патријаршијата ги преставила до Портата сите берати за назначување на митрополитите. Забранува на воени и цивилни лица да земаат коњи и маски, да преноќуваат во нивните станови и сл (832 јули 26)
Ферман од Махмуд Хан II – Константинопол, до кадијата во Дебар, со кој им се забранува на месните власти да се мешаат во црковните работи на митрополитот Григорие.  (1828 август 10)

Религискиот живот во Македонија низ султанските фермани

267
0

Османлискиот периот е долг континуиран и комплексен процес кој повеќе од пет векови беше дел од животот на балканските народи. Во тој процес се формирани и диктирани голем дел од историските настани, развој на култура, традиција. Османлиското владеење остава голема трага врз развојот на овој дел од Европа. Ферманите, или султански наредби биле речиси секојдневие во функционирањето на османлиите.

Еден од најбогатите и најзначајни сегменти на османлиското наследство во Македонија е архивскиот материјал.

Дигиталната збирка на Државниот архив на Република Македонија опфаќа околу 80 фермани од турските султани за период од 1646/1859 година. Државниот архив располага со една од најбогатите збирки на оригинални османлиски документи на Балканот од првостепено значење.

Во нив има голем дел фермани, или султански наредби кои се однесуваат или се поврзани со црковното живеење, или религискиот живот, функционирањето на верските иниституции од тој период. Меѓу овие фермани е и оној за основањето на Бугарската Егзархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *