Премиерот и архиепископот на слава за Св. Атанасиј во Љубанци

Date:

Share post:

Премиерот Христијан Мицкоски и архиепископот Стефан заеднички го одбележаа Свети Атанасиј, значаен христијански призник во Љубанци. Архиепископот утрото служеше литургија во црквата Свети Атансиј во Ѓорче Петров, а вечерта беше дел од традиционалната прослава на празникот во Љубанци.

Голем број верници се собраа на традиционалната трпеза за празникот. Градоначалникот на Буте, Дарко Костовски, на Фејсбук сподели фотографии

-Го чествуваме и славиме еден од најголемите православни светители Св. Атанасиј Велики.

Го прославивме големиот заштитник на верата наша, дојдовме да му ја оддадеме заслужената чест на светиот Атанасиј Велики, архиепископот Александриски, кој неизмерно ревнувајќи за вистината и правдата, бранејќи го Православието од лажните учења претрпел дури гонение и страдание. Да ја негуваме и оддржуваме традицијата затоа што таа ни е коренот и водилка кон иднината. За многу години нека е Св. Атанасиј Велики!, напиша Костовски на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img