
Православието не е приватна сопственост
“Православието не е приватна сопственост”- беше споменато во денешното послание на литургијата во Соборен храм Св. Климент Охридски во Скопје во присуство на Архиепископот г.г.Стефан.
На литургијата богослужеа свештеници од Белградскиот и Скопскиот соборен храм. По покана на Архиепископот, чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во сослужение со свештенослужители од Соборниот храм, како и со протопрезвитер-ставрофор Петар Лукиќ и протоѓакон Радомир Перчевиќ од Српската Православна Црква. Литургијата беше дополнително збогатена со прекрасното пеење на црковниот хор на Белградскиот соборен храм „Прво београдско пејачко друштво“, кој, попладнево, со почеток во 18:00 ч. ќе одржи и свечен концерт во Соборниот храм.
Од тука нашата Maкедонска Православна Црква / Macedonian Orthodox Church Охридска Архиепископија најмалку треба да не е приватна сопственост и нејзината иднина да зависи од еден или двајца владици, макар тие се нарекле Синод во постојано заседание, или бил носител на Архиепископската титула, сепак само е прв меѓу еднаквите.
Велелепно е да се слуша Хорот на Соборниот храм “ Св.Архангел Михаил”. од Белград но кога ќе се осмели нашата Црква да излезе од српскиот свет зошто нели православието не е приватна работа.