Почетна Коментар Праќа ли СПЦ уште една порака на добра воља?
Праќа ли СПЦ уште една порака на добра воља?

Праќа ли СПЦ уште една порака на добра воља?

733
0

Архиереите на Српската православна црква вчера биле на традиционалниот прием кај српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ, што секоја година за време на одржувањето на СПЦ се практикува.

Владиците на СПЦ во деновите додека трае Соборот, еден ден се во посета на кралското семејство. И овој Собор за зачува традицијата. Во краткото соопштение на СПЦ пишува дека „неговото Кралско Височество Престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ на 20 мај, во Белиот Дворец во Белград, приреди ручек за архиереите на Српската Православна Црква, учесници на редовното заседание на Светиот Собор“. Заедно со оваа вест е објавена и една заедничка фотографија, што секогаш се пректикува.

Но, токму во фотографијата е можеби и веста, или пак пораката.

Прв пат по повеќе од десетина години, на сликата го нема Јован, кој вообичаено стоеше десно од Патријархот на СПЦ и од Престолонаследникот. На оваа денешна фотографија, ги нема ниту членовите на ПОА, кои се дел од Соборот на СПЦ. На оваа фотографија, сега десно од Порфирије и од Кралот е Митрополит црногорско-приморски Јоаникије.

Фотографии од настанот сподели и Александар Караѓорѓевиќ на својот фејсбук профил, но и на нив не се гледа присуството на Јован.

Ваквите фотографии вообичаено се протоколари и нивното толкување го означува српското духовно и световно единство.

Во тој контекст, дали ова е уште еден знак дека СПЦ веќе е решена во Македонија да поддржи автокефална македонска црква, преку Охридската Архиепископија, или пак се ова е само едно слободно новинарско толкување?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *