Почетна Политичка теологија Пописот исцрата нова верска карта на Македонија – Верска турлитава
Пописот исцрата нова верска карта на Македонија – Верска турлитава

Пописот исцрата нова верска карта на Македонија – Верска турлитава

395
1

Последниот попис на населението во Македонија од 2021 година не може да ја утврди вистинската верска карта на дежавата. Очигледните методолошки прописти во прашалникот создале сериозни забуни кај граѓаните кои се попишувале и на крајот даваат тотално нберелевантни податоци.

Единствен релевантен податок кој може да се извлече од овој попис е дека 32,17% од населението се муслимани, или запишани 590 878 лица.

Можни веродостојни податоци може да се земат и за ориенталните религии, како верниците на Хари Кришна и Будистите. За сите останати бројки има многу нелогичности и нејаснотии.

Најсериозен проблем се христијаните, кои како религија се делат на повеќе деноминации. Во пописот стои дека 13,21% се изјасниле како Христијани, а тоа се 242 579 граѓани. Но какви христијани? Од која верска определба се? Нема одговор.

Според пописот Правиославни христијани се  847 390  или 46,14%, што пак според ниту еден досегаш податок не може да се спореди и потврди. На пример според пописот од 2002 година како православни се определиле 64,7% од населението. Ова укажува на фактот дека голем дел, ако не и најголем од оние кои на овој попис се определиле како Христијани се и православни христијани, но статистиката не може да ги заведе така, па затоа за 20 години Македонија статистички има пад на православното население од 18,56%.

Но, за да хаосот на статистика да биде поголем и повистински, проблемот не е само кај православните христијани. Уште поголем хаос во бројките има кај Христијаните протестанти. Таму има неколку под деноминации, но од објавените бројки не може да се најде никаков логичен след.

На пример од најдоминатните протестантски вероисповести во Македонија е Евангелско-методистичката црква, која е вбројана и во Уставото на Македонија. Но од пописот на населението со нејзе членуваат само 889 граѓани. На пописот од 2002 година нивниот број бил 1.303.

Во статистичките податоци има една графа само Протестанти која брои 1313, но има и една графа Евангелско-протестантски христијани  во која има запишано 8764. Во протестантската денономиација на Христијаните влегуваат и Евагелистити 678, Реформисти 50, Адвентисти  371,  Баптисти 70. Ако се соберат сите тие во една група бројката на протестанти во Македонија според овој попис е  12135.

Интересен за анализа е и податокот за Атеисти, бројка која според овој поис е 355 лица, што не соодветствува со нитуе една анкета на јавното мислење во кои околу 2% се изјаснувале како Атеисти, што е бројка дест пати повисока од она утврдена на пописот. Во Македонија има и Агностици 1964, Католици 6746, Јеховини сведосци 1137, Будисти 894, припадници на Еврејска Мојсиева заедница 74, на Хари Кришна 96, а 113 лица не ја потенцирале својата вероисповест, 16 одбиле да одговороат, а за 76 лица верската определба била непозната за попишувачитре.

И секако новината во статистчките операции иновирана во Македонија се 132,260 Административни верници.

Коментар(1)

  1. Сметам дека ова е најточна констатација во врска со острите дискрепанци во компарациите. Но сега се поставува најбитното прашање. Кои се тие православни христијани во земјава кои не се идентификуваат со МПЦ?! Заклучокот може да биде многу прост. Или се работи за верници на друга православна црква која е непризната од државата или дел од попишувачите си ја работеле крајно неодговорно својата работа (можно е да се работи за луѓе кои ги мешаат личните верски убедувања со професионалноста бидејќи на пример, муслиманите според своето верско учење, воопшто не прават разлики помеѓу христијаните) непредочувајќи им ги спецификите на христијанските верски определби на попишуваните! Имено тие во некои ситуации крајно погрешно, кај што треба и не треба, ја користеле опцијата на општата категорија “Христијани” која веројатно била предвидена да се однесува на оние луѓе кои имаат симпатии кон христијанството и веруваат во Христа но од различни причини не сакаат да се идентификуваат со ниедна верска организација, односно не се “church-going” ХРИСТИЈАНИ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *