Почетна Коментар Политика ли е?
Политика ли е?

Политика ли е?

902
2

Влакно во јајце…

Политика ли е ако напишам текст за тоа?

Политика ли е ако си ги сакаш своите?
Политика ли е ако прашаш нешто во нивно име?
Политика ли е ако го слушнеш нивниот глас?
Политика ли е ако кажеш дека не ти е по ќеиф нечија политика?
Политика ли е ако ако кажеш дека е нехумано некому да му се исмејуваш за недостатоците?
Политика ли е ако застанеш лево?
Политика ли е ако погледнеш десно?
Политика ли е ако разговараш со секого?
Политика ли е ако збориш за политика на тие средби?
Политика ли е ако кажеш што мислиш?
Политика ли е ако слушнеш што мислат тие?
Политика ли е ако слушаш приказна за човек на кој му треба помош?
Политика ли е ако сакаш да помогнеш во таа приказна?
Политика ли е ако бараш начин да помогнеш кај што треба?
Политика ли е ако знаеш да црташ?
Политика ли е ако на другари му ги покажеш своите цртежи?
Политика ли е ако тие некому му се допаднат?
Политика ли е ако добиеш идеја од нив да ги изложиш?
Политика ле е ако се согласиш?
Политика ле е ако кажеш дека тоа е скапа играчка?
Политика ли е ако одлучиш изложбата да е хуманитарна?
Политика ли е ако имаш богат другар?
Политика ли е ако го прашаш дали ќе помогне?
Политика ли е ако добиеш негова донација?
Политика ли е ако добиеш простор за изложба?
Политика ли е ако тоа почне да се реализира?
Политика ли е ако Марфи те зафркава до последен момент?
Политика ли е ако другарите те поддржат во намерата?
Политика ли е ако некои од другарите те испромовираат?
Политика ли е ако до пред отварање сечеш лајсни?
Политика ли е ако те видат како и сам работиш?
Политика ли е ако оние кои дошле предвреме активно ти помогнат?
Политика ли е ако видиш дека и старци и деца ти ја прифатиле идејата?
Политика ли е ако разноразни луѓе покажале интерес?
Политика ли е ако ако многумина од нив се брцнале во џеб?
Политика ли е ако некои сакале да помогнат, ама немале доволно?
Политика ли е ако некој твој цртеж краси нивен ѕид утре?
Политика ли е ако на сликите се залепени глупи етикети со бројче?
Политика ли е ако тие бројчиња значат продадено?
Политика ли е ако оние што не стигнале на време прашале до кога трае изложбата?
Политика ли е ако оние од странство рекле и ние сме тука?
Политика ли е ако истите рекле одбери ти за нас?
Политика ли е ако некои медиуми одлучиле да направат приказна од тоа?
Политика ли е ако политичар дојде да види што чудо е тоа?
Политика ли е ако го лоцираш јунакот од прикаската на волонтерите?
Политика ли е ако собереш и повеќе од очекуваното?
Политика ли е ако го направиш среќен?
Политика ли е ако не кажеш негов целосен идентитет?
Политика ли е ако помогнеш кај што помогнала и државата?
Политика ли е ако утре испиеме кафе со човекот?
Политика ли е ако донацијата ја врачат хуманисти, а не политичари?
Политика ли е ако тоа измами насмевка на неговото лице?
Политика ли е ако музичката колекција што му ја однела поплавата, ја најде на Јутуб?
Политика ли е ако хуманоста ја издигнеме над политиката?
pimennnПолитика ли е ако ви кажам благодарам на сите?
Политика ли е ако напишам текст за тоа?
Политика ли е ако ве прашам зошто за сенешто ме обвинувате дека било мешање во политика?

Пишува: Митрополит Европски Пимен за OFF.NET.MK

Коментар(2)

  1. Горенаведеново што сте напишале не е политика. Ама да кажеш дека “Едвај чекам Катица да почне да затвора таму кај што треба….” и “Се надевам Катица последна ќе се смее” е политика. Ова е само релативизирање од ваша страна.

  2. Otec Pimen. Vie i ponatamu rabotete, pisuvajte i pomagajte kako vie umeete i znaete. Ne ostavajte ljubomorata na nekolkumina da zastane na vasiot pat. Neli se veli “na lugeto krajot ne mi se naoga”. Daj Boze i tie da pravat dobri dela namesto da vi naogaat mani.
    Vas Bog ve vodi. So Boga napred!

Напиши одговор на Petar Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *