На Велики Петок утрото, кога Православна Црква го чествува споменот на погребението на Христос, во храмот „Св. Спас“ во Велес, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која беше изнесена плаштаницата среде храмот.
Верниците се поклонија, а потоа поминуваа под неа.
Поминуваат под неза, затоа што за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов – без распетие, страдање и погребение нема воскресение, велат од Повардарската епархија.
ГАЛЕРИЈА:



























