Поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман Реџепи учествувал на големиот Евроазиски самит на исламски поглавари кој неделава се одржува во Истанбул Турција.
На серијата панел дискусии учествувал и Поглаварот Реџепи. Зборувал на темата „Како да се спречи злоупотребата на религијата и сугестии за решение на тој проблем“.
Организацијата на овој голем Самит на Поглавари на исламски верски заедници е на Дијанетот на Турција.
На крајот од Самитот учесниците ќе усвојат и заклучоци поврзани со предизвиците на Исламот како религија, но и препораки за актуелните политичко-религиски состојби во светот.
На почетокот на Самитот присуствувал и турскиот претседател, реџеп Таип Ердоган. На заедничката со Ердоган е и поглаварот Реџепи.
/РЕЛИГИЈА.МК