Почетна Вести Регион Почина Муамер Зукорлиќ
Почина Муамер Зукорлиќ

Почина Муамер Зукорлиќ

742
0

Долгогодишниот главен муфтија на Мешихатот на Исламската заедница на Србија, Муамер Зукорлиќ, почина на 51-годишна возраст.

Зукорлиќ имаше и впечатлива политичка кариера и ќе остане запаметен како најважниот политички претставник на Санџак и на бошњачкото малцинство. Тој беше пратеник во српската Скупштина, а во еден мандат и нејзин потпретседател.

Според извештаите, на Зукорлиќ му се слошило додека држел предавање во Нови Пазар, а причина за смртта е срцев удар.

Роден во селото Рибариќе кај Тутин, Муамер Зукорлиќ се школувал во Сараево, во Константина и во Алжир, каде во 1993 година го завршил Исламскиот факултет, отсек Шеријатско право. Пост-дипломски студии завршил во Либан.

Од двете сопруги, Умеја и Елма, тој остава зад себе осум деца.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *