Почетна Анализа По дома патриоти, пред Порфириј „мачиња“
По дома патриоти, пред Порфириј „мачиња“

По дома патриоти, пред Порфириј „мачиња“

8.04K
8

Српската правславна црква минатата година издаде Томос, документ со кој тврдеше дека признава автокефалност на МПЦ-ОА. Во тој текст напиша дека во иднина нема со ништо да ја условува МПЦ-ОА и дека и признава целосна автокефалност.

Но, што од тоа, една година подоцна во пракса е реалност, а што прашина во очите на јавноста?

Непосредно пред одржувањето на Соброт на СПЦ оваа година во мај, македонска црковна делегација во состав од владиците Стефан, Петар и Тимотеј, беше во Белград на средби со СПЦ. За јавноста беше познато дека идејата за средбата е прашањето за судбината на ПОА, односно МПЦ-ОА да презентира какво решение предлага. Од таа средба нема официјални информации, освен одлуката на Соборот на СПЦ, според која тројца владици на ПОА ќе добијат нови епархии во МПЦ-ОА, а еден ќе остане викарен епископ на СПЦ. Она што е различно меѓу одлуката на Синодот на МПЦ-ОА и одлуката на Соборот на СПЦ, е токму во четвртиот владика, Епископот Давид.

Делегацијата на МПЦ-ОА замина во Белград со став дека за него нема место во МПЦ-ОА, а се врати со согласност дека тој практично ќе биде втор човек во МПЦ-ОА, бидејќи ќе му биде викарен епископ на Архиепископот Стефан.

Но, што друго договориле тројцата владици од МПЦ-ОА со владиците на СПЦ? Одговорот на ова прашање се уште е тајна за јавноста, иако неофицијалните информации велат дека станува збор за поприлично скандалозни решенија.

МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА ВО ЗАГРЕБ ТРАМПАНА ЗА ЌЕЈФ НА ПОРФИРИЈ? 

Минатата недела, со голема поддршка на хрватската држава, а со уште поголеми опструкции низ годините, МПЦ-ОА успеа да ја изгради и да ја освети првата црква „Света Злата Мегленска“ во Хрватска. Но, за многумина кои се познавачи на историјатот на изградбата на првата црква на МПЦ-ОА во Загреб беше изненадување присуството на српскиот патријах Порфириј, кој како поранешен митрополит Загребачко-љубљански беше остар противник на изградбата на таа црква. Логиката вели дека мора нешто драматично да се случило, за да лично Порфириј дојде на осветувањето на истата црква, а притоа да го промени својот став. Во јавноста тоа помина како голем гест и големо признание од СПЦ и Порфириј, но дали е тоа навистина така?

Што се случило?

Порфириј практично воопшто и не бил поканет на заедничкото осветување на црквата од Европската епархија на МПЦ-ОА. Неофицијалните информации велат дека ден, или два пред осветувањето тој се самопоканува. Нешто што предизвикало чудење и кај македнската црковна општина во Хрватска. Но, дека нешто не е во ред, или дека нешто чудно се случува, ден по осветувањето на црквата наговестуваат дел хрватски медиуми, кои кои пишуваат сериозна критика за МПЦ-ОА од типот „ние им помогнавме да изградат своја црква, а тие ни ги донесаа националистите“. Неофицијално случајот добива такви размери што се претвора во своевиден дипломатски инцидент меѓу Хрватска и Македонија. Хрватите се чувствуваат изневерни меѓу другото и поради тоа што со Порфириј доаѓаат уште двајца српски владици, а еден од нив со јасни националистични и антихрватски ставови.

Но, каде и како настанува ова непредвидено сценарио? За жал официјален став на европската епархија на МПЦ-ОА нема, бидејќи владиката Пимен остана недостапен за коментар, но неофицијалните информации велат дека за сценариото тој и не бил запознаен.

Српскиот Патријарх во Загреб на осветувањето на црквата на МПЦ-ОА доаѓа по претходен договор со владиците на МПЦ-ОА, Стефан, Петар и Тимотеј (иако Тимотеј вели дека тој не присуствувал на таква средба, објаснувајќи дека имало две средби со српскиот црковен врв. Една во состав тројца владици, а друга во состав Стефан и Петар ) на која веројатно било договорено дека свештеникот на МПЦ-ОА во Загреб на литургиите покрај Владиката Пимен (кој е надлежен архиереј) ќе треба да го споменува и српскиот владика во Хрватска. Тоа практично треба да значи дека МПЦ-ОА се согласила дека македонската црква во Загреб е дел од Српската црква, односно дека признава нејзина јуриздикција, бидејќи припадноста се изразува токму преку литургиското изразување. Или појасно, некакво чудно двовластите, црква и на МПЦ-ОА, бидејќи ќе се споменува името на Европскиот митрополит, но и црква под јуриздикција на СПЦ, бидејќи ќе се споменува и името на Загребачко-љубљанскиот митрополит на СПЦ. Чуден експеримент непознат за ниту една друга помесна православна црква. Интересно е што информацијата во јавност ја пуштаат црковни кругови кои постојано зборуваат дека Томосот на СПЦ е најважниот документ за автокефалноста на МПЦ-ОА и велат дека со него МПЦ-ОА ја зачувала дијаспората, која сакала да и ја земе Вселенската Патријаршија. Па такво решение, како што смислил Порфириј, ниту во Фанар не заговараат.

Управувањето на една автокефална црква подразбира литургиски ред во кој свештеникот го споменува својот епископ, епископот својот поглавар, а поглаварот ги споменува поглаварите на помесните цркви кои ја сочинуваат „Едната Света Соборна и Апостолска црква“. Ако свештеникот на МПЦ-ОА во Загреб на литургиите го споменува српскиот епископ во Хрватска, тоа практично значи дека тој е негов епископ. Ова „мудро соломонско“ решение е предлог на Порфириј, кој не успеа да ја спречи изградбата на црквата како митрополит, но како Патријарх успева да издејствува согласност од МПЦ-ОА, преку поглаварот и владиката Петар, да ја присвои и сето тоа да го претстави како „голема братска љубов кон македончињата“.

Но, домашниот есап како пообичај, не излегува на пазар, особено што Владиката Пимен се до почетокот на настанот воопшто не знаел за тајниот договор Порфириј-Стефан-Петар. И додека во Загреб сите мислат дека Порфириј, со уште двајца владици доаѓа со искрени намери, се соочуваат со суровата реалност. Владиката Пимен категорично го одбива договорот склучен во Белград, и литургијата на осветувањето поминува согласно нормалниот редослед со спомување прво на Архиепископот, Патријархот, Пимен како надлежен митрополит и двајцата српски владици кои сослужуваат. (сите кои учествуваат во службата). Настанот завршува, но за македонската црква во Загреб останува голготата за во иднина. Од една страна односите со хрватската држава, а од друга страна „дилот“ склучен меѓу Стефан и Петар и Порфириј во Белград. Што ќе се случува во иднина е отворено прашање, но сосема извесно е дека црковниот одбор во Загреб нема да се води по желбите на Порфириј и согласноста од двајца владици на МПЦ-ОА и по цена да го продолжат црковниот живот сами.

(чин втори)

ЈОВАН СЕ ВРАЌА НА БЕЛ КОЊ

На средбите во Белград пред две недели бил договорен и протоколот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА. Финализирањето на тој договор треба да се случи едноставно само со заедничка литургија меѓу МПЦ-ОА и ПОА, а со која најверојатно ќе чиноначалствува Патријархот на СПЦ и тоа ни помалку, ни повеќе, туку во Охрид во Света Софија, древниот храм на Охридската Архиепископија на 5 ти јуни, Духовден (роденденот на црквата).

Обединувањето на ПОА и на МПЦ-ОА е чин кој мораше да се случи и тука нема ништо спорно. Но, честа што на Јован му се укажува со чинот на враќање во МПЦ-ОА, од која беше протеран поради јасните причини, преку служба во Света Софија, е тежок чин на омаловажување на целокупната црковна јавност, но и јавно признание на МПЦ-ОА дека Јован пред 20 години бил сосема во право. Друг логичен заклучок нема, бидеќи враќањето во МПЦ-ОА  преку храмот на охридските архиепископи е чест рамна на архиепископско достоинство. Вистинска автокефална црква ваков луксуз не би си дозволила. Света Софија може да биде решение за литургиско сослужување само кога Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе дојде во Охрид со Томосот за автокефалност и никако поинаку.

Но, иако Владиката Тимотеј тврди дека Јован на таа литургија нема да служи, сепак кнедлата што МПЦ-ОА ќе ја голтне тој ден е идентнична на историско себепонижување.

Но, како се случило таа литугија на „единството“ да се случува во Света Софија во Охрид? Одговорот е едноставен, Порфириј предложил, македонските владици безрезервно прифатиле.

Но, во протоколот на обединување меѓу МПЦ-ОА и ПОА, под патронат на СПЦ, има уште еден важен момент. Четворицата владици на ПОА практично во МПЦ-ОА ќе се претопат без никаква одлука на МПЦ-ОА за нивен избор и за нивно устоличување во тие епархии. Се тоа е практично одлука на СПЦ. МПЦ-ОА нема ниту одлука за уставни измени во кои се дефинираат епархиите со кои тие владици ќе раководат, исто како што нема соборска одлука на СПЦ за бришење на епархиите од Македонија од нејзината јуриздикција. Тоа практично значи дека се носи времено решение и тоа решение со одлука на СПЦ, а на штета на МПЦ-ОА. уставот на МПЦ-ОА, формално правно не познава епархии: „Крушевско-демирхисарска“,Илинденско-дељадровска“, Делчевско-каменичка“, а во праксаво иднина ќе има тројца митрополити кои ќе раководат со нив. Сите тие три епархии се дел од просторот на епархиите со кои, тие владици раководеа во рамки на составот на СПЦ.

Решението за обединување оди само преку една формалност. ПОА бара канонски отпуст, а СПЦ тоа го дозволува. Отпустот од една јуриздикција кон друга не значи дека Црквата што го дала тој отпуст се откажала од сопствеништвото на епархиите во корист на црквата што ги прима отпуштените, туку напротив значи дека им ги предава владиците кои досега управувале со тие епархии на идно управување и тоа без одлука за нивно устоличување. Управување, а не стопанисување. Многу важен момент за суштината. Тоа реално значи дека кога било во иднина, ако СПЦ не е задоволна, или пак не и е по ќејф како се управуваат епархиите во Македонија, може да воспоставни нова своја власт во нив преку избор на нови владици за тие епархии.

Соборот на СПЦ практично не ја поништува ПОА, туку едноставно и дозволува на ерархијата што ја води да помине под друга јуриздикција. Тоа не е укинување и бришење на епархиите со кои раководеше ПОА, туку нивно отстапување на друго управување. Тоа не е повлекување на Томосот за автономната ПОА, туку негово времено ставање во мирување. Реално тоа на СПЦ и остава и уставно и суштинско право кога ќе посака да ја возобнови својата јуриздикција во тие епархии. Таа одлука на СПЦ, со која македонските владици, преговарачи, се согласиле е практично реализација во пракса она што и е напишано во Томосот од минатата година и она што некои владици на СПЦ подоцна практично го објаснуваа, а тоа е дека автокефалноста на МПЦ-ОА е само форма, бидејќи СПЦ не се откажала од правото на сопственост на црквите, а сега гледеаме дека не се откажува ниту од правото на сопственост врз епархиите.

М.Н.

Коментар(8)

  1. Randu definitivno si bolen covek. Ke umrete od omraza od sirenje na lagi nevistini insinuacii.. samo zaboravate deka pred Boga site eden den ke zastaneme!

  2. Ваква омраза од еден човек што се смета себе си за алфа и омега за верски прашања во Македонија е само знак дека порталов под итно треба да се стави под раководство на МПЦ. Како да читаме трач муабети за Јелена Карлеуша. Страшно и нека ви е битно мирна совеста.

  3. Нашите владици договориле, рака подале, се изгушкале и којзнае колку вини потоа испиле, а сега Ранду (или Цацко) ви е крив.

  4. Како се луксузира МПЦ и не објавува демант ако се ова невистини? Зошто дозволува ваква доскредитација?

  5. Ja prosto ne mogu da verujem da ovako nesto moze neko da napise!!! Pa zar se ne radujete ovom jedinstvu !!! Hvala Bogu za sve!!!! A ti sto ovo pises zamisli se malo!!!

  6. Хрватска е канонска територија на Српската православна црква (тоа пишува во томосот) и другите помесни православни цркви не можат да основаат парохии во неа без дозвола на надлежниот епископ на СПЦ.

  7. Ako avtorot na tekstov misli deka Jovan pred 20 godini ne bil vo pravo, toga debelo da ima promaseno profesijata.

  8. Kakva ironija i cinizam. Vladiki na POA se ” pretopile” vo mitropolit na MPC. Sramota. Pa tie ne se nitu za klisari da bidat primeni, nitu za manastirski govedari vo nekoj od manastirite na MPC, a tie – vidi čudo božje- mitropoliti bidnale, im go nakršile, što bi rekle Kumanovci. Abe ono i samoto priznavanje na avtokefalnost na SPC nema vrska so Crkovnite kanoni. SPC nema pravo na priznavanje – dodeluvanje na avtokefalnost na nikogo, pa ni na MPC, toa pravo go ima samo Carigrad

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *