Почетна Анализа Павловите посланијата испратени во Македонија и пишувани во Македонија
Павловите посланијата испратени во Македонија и пишувани во Македонија

Павловите посланијата испратени во Македонија и пишувани во Македонија

882
0

Апостол Павле, чиј спомен го чествува Македонската Православна Црква е една од најзначајните личности за христијанизацијата на Македонија, а потоа и на целиот овој регион, а подоцна и на Европа. Професорот Ратомир Грозданоски е еден од еминентните богослови во Македонија, кој посветил голем период од својот научен труд во анализа и истражување на Апостол Павле и Македонија. Во неколку делови Ви пренесуваме една пократка аналзиа.(Петти дел)

Во Светото писмо на Новиот завет Македонија и Македонците се споменати 28 пати во 24 стихови.

Ете, Бог сакаше така да ги прослави Македонија и Македонеците, запишувајќи ги во Светата Библија. Премудриот и Семоќниот Промислител за сè, определил апостолот Павле, во „видение“ буден, а не на сон, да се сретне и да разговара со човек Македонец. Видението стана реалност: апостолот го послуша Македонецот и ја исполни Божјата волја, па дојде во Македонија. Најпрво им го проповедаше Евангелието на Македонците во Македонија, а потоа и на Елините во Елада, и на Римјаните во Рим.

apostol pavle 5И не само во проповедта, туку Македонците имаат првенство и во посланијата, бидејќи првото свое Послание од сите четиринаесет, апостолот Павле го напишал за Македонците и го испратил во Македонија – до Солунјаните. Тој им напишал три посланија на Македонците:

1) Прво послание на светиот апостол Павле до Солунјаните;
2) Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните и
3) Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните (1. и 2. Сол. и Филип.);

а уште две ги пишувал во Македонија:

1) Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните и
2) Прво послание на светиот апостол Павле до Тимотеја (2. Кор. и 1. Тим.).
На Елините во Ахаја апостолот Павле им ги посочува Македонците како пример во верата и во добрите дела (прочитај: 2. Кор. 8,1-5; 9,1-5).

Такви биле Филипјаните, кои му се прилепиле до срце на апостол Павле, а и тој ним, па затоа во своето Послание до нив, тој ќе запише: „А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат, ми пративте нужни работи“ (Филип. 4,15-16).

А, пофално ја истакнува и добродетелта на Солунјаните, кога вели: „За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, оти вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг, бидејќи и така постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве молиме, браќа, уште повеќе да преуспевате“ (1. Сол. 4,9-10).

Во Библијата е запишано и следново: „Тој реши да се врати во Македонија…“ (Дела 20,3).

„И излезе за да тргне кон Македонија…“ (Дела 20,1).
„А кога Сила и Тимотеј слегнаа од Македонија, Павле беше…“ (Дела 18,5).
„Павле науми, откако ќе ја мине Македонија…“ (Дела 19,21).
„Ќе дојдам при вас, откако пропатувам по Македонија, оти ќе минам преку Македонија“ (1. Кор. 16,5).
„И преку вас да заминам за Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас“ (2. Кор. 1,16).
„Се фалам со вас пред Македонците дека Ахаја…“ (2. Кор. 9,2).
„Па, ако дојдат со мене Македонци и ве најдат неприготвени..“ (2. Кор. 9,4).
„Гаја и Аристарха, Македонци, Павлови придружници,…“ (Дела 19,29) итн.

Заклучок

sv-apostol-pavle-i-makedКога свети апостол Павле бил меѓу двата континента: Азија и Европа, повикан бил од човек „Македонец“ и љубезно замолен: „Премини во Македонија и помогни ни!“ (Дела 16,9). Тоа бил повикот на Европа за примање на христијанството. Тоа бил повикот на Македонија за примање на Господа Исуса Христа, на Евангелието и на спасението.

Преку „Македонецот“ кој му се јавил во видение, Европа го молела апостолот да дојде во Македонија, а тоа значи и во Европа, и да и помогне (Дела 16,9). Европа Го побарала Христа.

Голем ден е во историјата на човештвото кога свети апостол Павле пристапнал во Македонија, а тоа значи првпат на една европска земја. Со него во Македонија дошле и апостолите Сила, Тимотеј и Лука, а во мисионерската дејност се вклучиле и Македонците: Климент и Епафродит од Филипи, заедно со Лидија, Еводија и Синтихија (Филип. 4,2-3); па Секунд, Гај и Аристарх од Солун (Дела 19,29; 20,4; 27,2; Кол.4,10; Филип. 1,24); Сосипатр Пиров Беранец од Берија (Дела 20,4) и други.

А во Македонија проповедале и други апостоли. Според некои историски извори, се смета дека и апостолот Матеј во еден период проповедал во Македонија. Исто така и апостолот Андреј, братот на апостол Петар, минал низ Македонија, преоѓајќи од северниот дел на Црното Море до Пелопонез, во Патра, Ахаја, каде што маченички пострадал распнат на крст во облик на „Х“, како што сведочи црковниот историчар Теодорит, во петтиот век.

ratomir slВрз основа на првите формирани цркви во Филипи, Солун и Берија, Македонија целосно се христијанизирала уште во апостолскиот период. Врз тие апостолски темели подоцна ќе се оформи и познатата македонска црква Јустинијана Прима, а подоцна Охридска архиепископија и денешната Македонска православна црква.

Пишува: Порф. д-р Ратомир Грозданоски ( за МИА) /КРАЈ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *