Почетна Вести Отворено писмо на грчки богослови: Критскиот собор им даде црковен статус на еретиците
Отворено писмо на грчки богослови: Критскиот собор им даде црковен статус на еретиците

Отворено писмо на грчки богослови: Критскиот собор им даде црковен статус на еретиците

429
0

Организиацијата „Сојуз на православни монаси и клирици“ од Грција во која учествуваат познати теолози испрати коментар и отворено писмо по завршувањето на Соборот на Крит, во кое потенцира дека средбата на грчкиот остров, ниту е Собор, ниту е Голем, ниту пак е Свет.

sepravoslaven sobor slikaЧленовите на оваа теолошка организација сметаат дека Соборот на Крит не претставува продолжување на православните собори, туку отстапува од вообичаените соборски пракси.

-Соборот не е свет, затоа што некои од документите кои бе одобрени им противречат на одлуките кои во Светиот Дух ги донеле апостолите и светите отци, а особено оние кои се однесуваат на еретиците. Светиот Дух не може сам на себе да си противречи така што на вистинските свети собори да ги осудува еретиците и да ги анатемисува, а на Кртскиот „Собор“ да ги признава како цркви. Критскиот собор не се бори против ересите, туку им придава црковен статус, стои во заклучоците на овие грчки теолози, монаси, владици, свештеници.

За нив овој собор е мал, а не голем, бидејќи на него не учествуваа сите православни епископи, што значи дека не била застапена целата полнота на црквата. Соборот го загуби својот сеправославен карактер.

„Советот на православни клирици и монаси“ жестоко го критикува и поглаварот на Грчката православна црква, кој според нив ги прекршил обврските и не ги бранел до крај позициите и предлозите на Синодот на ГПЦ. Тие ги поздравуваат оние Архиереи кои одбиле да се потпишат на некои од соборските документи, карактеризирајќи ги како следбеници на светите отци о надеж за повторно разгледување на одлуките од Крит.

Меѓу потписниците на ова отворено писмо се старецот Евстратије од манастирот велика Лавра на Света Гора, игумени на неколку грчки манастири, познатите богослови Георгије Металинос, Теодор Зисис и Димитрије Целенгидис.

/АГИОНИС.РУ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *