Почетна Вести Од Света Софија по 85 години испратен повик за молитва
Од Света Софија по 85 години испратен повик за молитва

Од Света Софија по 85 години испратен повик за молитва

476
1

Во Аја Софија во Истанбул, по програмата по повод Големата Ноќ за верниците од исламската вероисповед (Лејлетул кадр) за прв пат после 85 години беше огласен езан (повик за утринска молитва за муслиманите), јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Управата за верски работи при Владата на Република Турција, Мехмет Ѓормез, говорејќи по тој повод и честитајќи им ја светата Голема ноќ на сите припадници на Исламската вероисповест, ја истакна важноста на оваа ноќ.

sveta sofija w„Нека Севишниот Аллах го прослави нашиот народ. Нека го возвиши и освети сиот исламски народ. Нашиот Аллах ни подарил посебен дел во Куранот посветен на Големата Ноќ. Првиот и последен збор кој би можело да биде кажан за таа ноќ, го кажал Севишниот Аллах, сопственикот на тој збор. ‘Ние го донесовме Куранот токму на Големата ноќ’, истакна тој.

– „Настраданите не се нашите души, туку возвишените вредности на Исламот за човештвото“

Именувајќи го последниот терористички напад на Ататурк Аеродромот како отворање на војна кон исламската вера, Ѓормез рече: „Изминатите години, особено од 2000 наваму, исламската вера, историја, цивилизација е соочена со една сосема нова состојба. За прв пат по претворањето на Исламскиот свет во едно конфликтно поле на глобалните сили, произлегоа одредени размислувања, одредени идеологии, и одредени убиствени мрежи, кои започнуваат да создаваат многу поразлични перцепции. Токму поради тоа, не страдаат само нашите души, туку истовремено страда и исламската вера. Настраданите не се нашите души, туку возвишените вредности на Исламот за човештвото. Пред три дена, сите ние бевме запрепастени“.

По завршувањето на свечената програма по повод Големата Ноќ, во Аја Софија, после цели 85 години од Музејот беше огласен езан пред утринската молитва (сабах), од страна на професорот на Факултетот за веронаука при Анкарскиот Универзитет и муезин (повикувач на молитва) Фатих Коџа.

Крајот на севкупната свечена церемонија беше означен со звукот на езанот.

На свеченоста во Музејот Аја Софија учествуваа бројни државни функционери и службеници меѓу кои Претседателот на Управата за верски прашања, Мехмет Ѓормез, професор на Факултетот за веронаука во Анкара, муезинот Фатих Коџа, како и бројни други верски лица, меѓу кои и наградени хафизи (лица кои го знаат Куранот на памет) кои имаат освоено награди на Меѓународниот натпревар за читање на Куранот.

Пред почетокот на програмата наградените хафизи интерпретираа илахии (свети песни) и делови од Куранот, а Истанбулскиот муфтија , Рахми прочита молитва.

/АА

Коментар(1)

  1. Еех, оваа црква ја подигна наш, македонски цар и светител, но денешните претставници на Православието во поранешниот Цариград, како и нашите молитви, не смогнаа да ја одбранат од запоседнување на исламистите. Бог со својата единствена сила, милостивост и правда да ги истера оттаму друговерците, за да може да прозвучи христијанската Божествена Литургија во тој некогаш прекрасен храм и да му го врати вистинскиот сјај! Амин.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *