
Муслиманите од 50 држави од светот, вклучувајќи ја и Македонија, кои го практикуваат традиционалниот ислам, усвоија единствен исламски верски календар, наречен Хиџретски Календар по кој во иднина ќе се одбележуваат сите исламски верски обреди.
Одлуката ја донел Конгресот на муслимански верски поглавари, на кои учествува и реисот ан ИВЗ на Македонија, Сулејман Реџепи заедно со Тетовскиот Муфтија, Ќани Несими.
Тоа практично значи дека сите муслимани во светот од Турција до САД празниците и верските обреди ќе ги одбележуваат по овој нов календар
Претседателот на Турската исламска верска заедница, Мехмет Гормез, под чија организација се одржал Конгресот изјавил дека во верскиот календар кој е изгласан не постојат противречности помеѓу верските обреди и астрономските мерења.
-Меѓу предностите на овој календар е и придонесот во поглед на решавање на одредени проблеми со кои до сега се соочуваа Муслиманите и муслиманските малцинства. Исто така деновите на пост и бајрамските денови, кои за муслиманите имаат големо значење, со овој календар се обединети. Ова е одлука со која се укинуваат разединувањата меѓу муслиманите, изјавил Гормез.
Овој единствен верски исламски календар засега е во фаза на предлог, кој ќе биде презентиран пред „Организацијата за исламска соработка“ која треба да изгласа негова целосна имплементација во земјите членки.
/РЕЛИГИЈА.МК