Митрополитот Анастас од Албанската православна црква го прими во Пустец митрополитот Петар од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Митрополитот Петар бил во Пустец по покана да присуствува на Фолклорниот фестивал „Мала Преспа“, кој се одржува во овој дел од Албанија.
Средбата меѓу двајцата архиереи се одржа во Пустец, во рамки на посетата на митрополитот Петар на Преспанскиот регион, објави митрополијата на Корча.
Фестивалот „Мала Преспа“ е културна манифестација на која се претставува фолклорното и традиционалното наследство на локалното население.

