Почетна Вера МПЦ-ОА Македонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир
Македонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир

Македонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир

98
0

Православниот празник Богојавлние-Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро, каде се положува крст во сите девет села.

Во Пустец, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“, која се наоѓа на брегот на езерото, што ја одржа отец Темелко, осветениот крст во водите на Преспанско Езеро го фати дваесет и тригодишниот  студент Деан Сотир.

Со своите сограѓани во Пустец, беше градоначалникот на истоимената општина, Пали Колефски, како на богослужбата, така и при свечениот чин на положување на крстот.

–  Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Деан, кого од општината соодветно ќе го наградиме, рече за МИА Колефски.

По повод празникот честитки до сите верници упати единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, како и Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *