Почетна Вести Регион Македонците во Албанија го одбележуваат Христовото раѓање – Божик
Македонците во Албанија го одбележуваат Христовото раѓање – Божик

Македонците во Албанија го одбележуваат Христовото раѓање – Божик

104
0

Македонците во Албанија, каде и да живеат, го одбележуваат Христовото раѓање, Божик.

Тие присуствуваа на светите литургии одржани во божјите храмови, а онаму каде што се во помал број и немаат постојан свештеник, ги посетија црквите и запалија свеќи за здравје, честитајќи си го празникот со зборовите Христос се роди – навистина се роди.

Во црквата „Свети Архангел и Михаил” во Пустец света божиќна литургија одржа свештеникот Алексо Темелко.

– Возљубени браќа и сестри. Да ја запалиме во нас и во нашите души и срца светлината и љубовта на Христос. Светлина која ќе не осветлува и ќе ја истера од нас темнината. Да ја разгласиме и да ја даруваме оваа љубов кај сите луѓе, особено кај тие што се изнемоштени, кај тие што се осамени, кај натажените и исплашените. Сега повеќе од секогаш луѓето имаат потреба од Христовата љубов затоа што совршената љубов го истерува надвор стравот и не исполнува со сигурност, мир и радост, порача отец Темелко.

Христовото раѓање се слави насекаде во Албанија каде што живеат Македонци. Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајќи си желби за здравје, среќа, мир, благосостојба, Македонците присуствуваат на светите богослужби во областите Мала Преспа, Голо Брдо, Врбик, како и Корча, Билишта, Подградец, Елбасан и Тирана.

Ден пред Христовото раѓање, одбележан беше Бадник, со палење бадникови огнови, а не изостанаа ниту малите коледарчиња.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *