Почетна Коментар Куртон-револуционери и во МПЦ
Куртон-револуционери и во МПЦ

Куртон-револуционери и во МПЦ

982
9

Нарачаталот на операцијата ,,Волшебникот од Оз“ и организаторите на шарената куртон револуција во Македонија на своите платеници на теренот не им дале оригинални и креативни сценарија, односно планови за работа. И во организирањето на пучеви имало копи пејст како и во корпоративното новинарство и ,,сериозни“ државни политики. Затоа и лесно се откриваат. Ако имате будни државни институции и професионални новинари, а особено добро информиран народ, ваквите гангстерски потфати ќе ги неутрализирате превентивно, во нивната рана фаза. На пример, ова нашево чудо од револуција да ти било копија на режијата на истиот чадор кој ја креирал ,,спонтаната“ шарена револуција во Хонг Kонг. И да не заборавиме верна копија на операцијата ,,големото уво“ од 2001 година, која доведе до преврат, по што уследи Рамковен договор промена на уставниот поредок, поместена преговарачка позиција за името, територијална поделба и појава на ПОА.

Денес сме токму на истото место. Kако вратени во времето. Да, почитувани Македонци. Додека петтата колона и квислинзите одмораат подготвувајќи се за есенските операции, револуцијата во живот ја одржуваат членовите на Синодот на МПЦ кои на својата последна седница, без присуство на надлежниот архијереј за Австралиско- новозеландската епархија, митрополитот Петар, донесуваат одлука за, така да кажам, територијална реорганизација, односно за федерализација на епархијата австралиско – новозеландска, а во полза на корпоративните бунтовници кои не го признаваат црковниот устав. Ние, народот на Македонија се разбира како и за пржинскиот договор, за рамковниот договор и за сите важни за нас прашања, не дознаваме официјално и регуларно. Таткото (државата) и Мајката (црквата) или барем оние што управуваат во наше име работат како тајни братства. Затоа за ова последно чудо од одлука дознаваме речиси илегално.

Да не должам, архијереите одлучуваат без присуство и согласност на легитимниот владика Петар, а спротивно на црковниот устав, одметнатата црковна општина во која дејствуваше свештеникот и монах Гаврил кој од легалниот архиереј беше расчинет заради финансиски злоупотреби, изнуди од духовните чеда, приватен бизнис, односно, криминал, да ја приклучат на збирот од слични вакви општини со кои во име на МПЦ раководи владиката Тимотеј. Ова пред да се заврши судскиот процес отпочнат таму и со безброј приложени докази. По дејаниево, како што се уверивме сите, архиепископот г. г. Стефан и владиката Наум отидоа на честито во тврдината на Kале кај г.г. Џес Бејли. Некој ќе рече бре, па ова како да гледаме сатира ,,Фарисеите на славје кај Понтиј Пилат“. И без да е јасно кој си измил раце на ѓоамити невин. Гостите или домаќинот?

Одлуката лично немаше да ми остави впечаток оти не е прва ваква, ако не ми беше познат податокот дека Гаврил е кадар на владиката струмички Наум. А каде е тој, макар и посредно, има многу итроштина, заткулисна игра, ходничарење и валканци. Со други зборови, дечково кој би требало да е подреден на владиката Петар, неовластено приходите од продажба на книги, џиџи миџи во манастирската продавница, ги испраќал во струмичката епархија. Плус си присвојувал донации, терал бизнис, изнудувал пари. И така, едно по едно успеав да дознаам дека во Синодот на големо се дискутирало за шарената револуција, односно, за сознанието дека дел од свештенството и монаштвото биле склони да и се приклучат. Па се сетив на последната пројава на владиката европски Пимен во екот на револуцијава кој со неколку ,,невини“ постови стана ѕвезда на куртон порталите и бум! Се сетив на денот кога за да го голтнеме лесно рамковниот преврат, ,,истражувачкото новинарство“ (37 наградени портпароли од водачот ,,Папа“ на 15 септември) ни го откри т.н. Нишки договор. Знаете оној што се однесува на рангот на МПЦ во преговорите со СПЦ.

На лист А4 на нацрт-стојат потписи од четири архијереји меѓу кои и на владиката Петар, ама речиси никој не се сеќава дека документот беше инициран со петиција на 100 монаси, речиси сите ученици на дедо Наум (оти тој го обнови во целост монаштвото откако се врати од Света Гора по осумгодишен престој), а првопотпишан беше токму Пимен. Петицијата беше фактички ултиматум за смена на синодот и прием на нови владици, што не е лоша работа со оглед на нивниот духовнички капацитет и менаџмент, ако во основа не се работи за разнебитување на МПЦ преку одземање на нејзината автокефалност, а што е сон на сите соседски цркви. Особено на грчката. Да не заборавиме, имено, Наум е грчки државјанин кој има и свој дом таму. Во борбата за бришење на Македонија како име на нашата држава и нападите врз македонскиот идентитет, исчезнувањето на МПЦ со нејзина делба, би значело рушење на носечкиот столб на тој колективен идентитет. А тоа е една од долгорочните цели на американската стратегија запишани и во анексот на репринтот на Балканските војни и промовирани во 1994 во Софија од страна на фондацијата Kарнеги и институтот Аспен.

Значи, најмладиот владика Наум и неговиот тогаш уште неопитен ученик Kлимент на нивно барање излегоа на „Сител“ за да ни објаснат дека спуштањето на МПЦ од афтокефална во независна црква не било суштинска, туку формална јазична трансакција!? Демек грчкото ,,афтокефало“ се заменувало со славјанското ,,самостојно“. Тие, како и сите 100 монаси, под притисок на јавноста, потоа се повлекоа и го оставија на отворено тврдоглавиот Јован сам да ја турка идејава, а од четирите потписници на нацртот за кој не дознавме уште кој го пишувал, го помниме само името на Петар. Заклучокот е следен: Рамковниот и уставните промени ги проголтавме лесно, оти оркестрираните медиуми баш во тоа време ни го открија т.н. нишки договор кој ги здоболе посилно од световниот договор кој ја разнебити од темел државата.

Но во МПЦ така почна расколот. За малку ќе го загубеше и името оти не си го регистрирала како своја сопственост името ,,Охридска архиепископија“, а кое го пикираше Јован. Тој со ПОА не успеа и практично изгоре, ама Наум итроманецот се засили. Интелигентен и темелен каков што е, со способност да придобива луѓе, а над се бескрајно амбициозен и самољубив, веќе ја покри МПЦ со свои кадри. Добро, многумина успеваат и да избегаат од неговата манипулативна лабораторија, но никој речиси не се осмелува да проговори за наличјето на преподобниот Наум. Зошто? Па просто затоа што сега има голема моќ. Првенствено преку медиумите. За оние на УСАИД и Сорос е сосема јасно. Тој таму е присутен преку управувачкиот борд . Во политиката моќта му ја дава духовното му чедо Зоран Заев зашто него Бранко Црвенковски го избра по личен предлог на митрополитот Наум. И трето, три владици во сите три задгранични епархии се негов личен кадровски избор. Методиј, Пимен и привремениот Тимотеј до пола австралиско новозеландски, а за стално требаше да биде именуван Арсениј (кој соблече мантија) значи контрола врз дијаспората македонска и насока на изборните гласови.

Kако и да е, важно е да се знае на кој начин есеноска се спрема вклучување на дел од свештенството и монаштвото во сценариото за пучот, односно, на куртон шарената револуција. Првенствено тоа ќе оди преку учеството на оние со алтернативна сексуална ориентација во црковните редови а за кои знаат нивните старешини и духовни оци. Душа дало за уцени и манипулации! Потребен е само некој ербап ,,језуит“ од калибарот на Лојола. А таков ете сме имале!

Е сега, да ви распостелам една голема слика за есенското шаренило и за евентуалните револуционерни зафати меѓу дијаспората, а во пресрет на локалните и евентуалните парламентарни избори во 2017 година. Kуртониве овде немаат масовна поддршка ни сега, а камоли за есеноска. Дивееја колку можеа и издишаа. Но што ако свештенството и монасите тргнат во први редови барабар со офарбаните? И што ако тепачите од Kосово и Бит- пазар бидат заменети со финиве монаси, па полицијата, случајно употреби сила на некој мирољубив монах или монахиња. Што мислите како ќе завршат тие фотки во светот? Нормално дека ни Наум, ни Пимен, ни Методиј или некој друг диригент нема да ги видите во прв ред. Јок бе! Нема да ги видите никаде ни како сенка. Ама, ете му на ОЗ маса луѓе за друг изборен резултат. Оти манипулациите и игрите со креирање впечатоци (главно погрешни) имаат токму таква краткорочна цел. Потоа и да се каете и да дознаете дека ве издриблале мангупи, доцна е. Последицата останува на ваш грб. За стално!

Интересно е дека креаторот на македонскиот преврат, Македонија прво ја нападна преку општините за да ги придобие световните локални власти, а преку нив локалните жители што се директно зависни од својата локална управа. Во таа мисија не успеа претходниот американски амбасадор Пол Волерс. Затоа екселенцијата Бејли реши веднаш со сета сила да удри на Скопје. Да го освои центарот, па зракасто да ја покори ,,провинцијата“. Ете и тоа е неуспешно. Дури и со апсењето на градоначалникот на Битола за пример. Што и како ќе прави есеноска ќе видиме, но еве јас декларирам една варијанта која по се изгледа почна да се крчка. Дали на ,,нашиот“ Одисеј во МПЦ ќе му успее она што не му успеа со ПОА, односно, да ја истргува македонската дијаспора и да му ги поклони на своето црпнато чедо Заев трите пратенички мандати, ни останува да видиме, ама со надеж дека надлежните институции и секако заинтересираните партии во меѓувреме ќе си преземат превентивни дејства за да го спречат ефектот на почнатиот пуч и во МПЦ а чии последици ќе бидат кобни по опстојувањето на нацијата, државата и црквата.

Kолку да се знае, македонската криза по замислата на УСАИД и ОТИ ќе трае до крајот на 2017 година. Акциски и според целите што треба да ги постигне, поделена е во три шестмесечни периоди, почнувајќи од јули 2016година. За секое шестмесечие се издвоени 3 до 4 милиони долари преку УСАИД грантови. Но има и жежок доларски кеш кој чадоров во Виена ќе го пропере и така чист ќе им го прати на куртониве преку британска фирма на Белизе. Имено, лично сер Монктон со жената му и еден негов пајташ од Белизе формираа таму и токму сега своја трговска фирма.

mirka 1За оние што се прашуваат од кај знам, да им кажам дека нема веќе тајни – се ви е ачик на интернет, ако знаете каде и што да барате. Така да, само нека си мислат нашиве тајни друштва дека ако нема записници, нема легална комуникација со јавноста и нема да се дознае кој што и како и за колку работи против Македонија. Еве јас дознав дека владиката Наум се пофалил на синодот оти ништо од синодските валканици нема да продре во јавноста оти тој имал контрола врз медиумите и поддршка од власта. Не знам на која власт мислел и на кои медиуми. Ќе видиме!

Пишува; Мирка Велиновска – (ЗА ДНЕВНИК )

Коментар(9)

  1. Жалам што religija.mk споделува мислења на двоецот Љ/М Љубомир/Мирка различни но исти (бранители). Или поточно познавачи на се и сешто, или ајде поточно за и контра во зависност од времето…

  2. Верувам дека ова го пишувате од дното на Вашето големо родољубие и со искрени желби за нераскинливо единство на севкупното македонско национално и црковно ткиво. И факт е дека г. Пимен даде сериозен придонес кон иеологијата на соросоидните протести (не можам тоа да го наречам ‘револуција’ во никој случај, зашто сите револуции колку и да не чинат имаат некаква позитивна појдовност и цел, а на тие протести им недостасува каква било, ама колку и да е матна и пригушена светлина). Но да го нападнеме целиот Свет Синод за деструктивност и поврзаност со тие протести, а истовремено да И’ посакуваме непоколеблива крепкост на Македонската Православна Црква како Столб и Тврдина на Вистината за македонскиот народ до свршетокот на светот – само по себе е беспримерна противречност. За светоста и контроверзноста на прозваниот Митрополит Наум ќе посведочам само едно: светоста и контроверзноста во овој свет и век се многу често нераздвојни. Еден од видовите на светост, највозвишениот – ЈУРОДИВОСТА – како безумство заради Христа и сеопфатна револуција против човечката логика, претставува извор на забуни и контроверзи за безмалку сите надворешни набљудувачи а причина за внатрешно исцелување и самопоставен императив којшто по дар Божји милиони го следат… и таквиот човек нема кој што да го прашува или нему нема кој што да му каже: каде и да оди, со кого и да биде виден, од кого што и да прими или кому што да врати. Како сведок и наследник на животот на о. Наум (како оној кој имал привилегија да ја вкуси безграничноста на неговите дарови и сепак на мигови по Божјо допуштање да ги распознава границите на неговите слабости) ќе Ви речам дека и со дејството на благодатта Господова, но и во моменти на најголеми искушенија таму не можете да најдете ниту намера за штета ниту непретпазливост за неволен грев, особено не од размерите коишто овде ги опишувате. Зашто тоа не е ни можно за некој којшто целиот живот непрекинато го става на коцка за се’ нешто, но под услов премијата да ја овозможува негибната чистотата на срцето. Нема лични желби и властољубни аспирации. Нема страст за интриги или лакомост за поседување. А има една голема жртва за мирот и спокојот на оваа земја и особено за најдобриот духовен напредок на оние што сакаат да живеат благодатно во Црквата Христова. Секое добро Вам, сакана наша! Со многу почит…!

  3. Оваа Мирка во својата колумна ги надминува и баба Ванѓа и Нострадамус. Не знам дал да плачам или да се смеам. Женава нема три чисти што се случува во МПЦ-ОА, а поебно во Австралија: нејзе и е сервирано информации што на некого му одат на полза а некој е обвинет без никакви докази. Само да нагласам: ако не беа Митрополитите: Наум, Климент, па по нив Тимотеј, Методиј и Пимен, во Македонија ќе немаше монаштво. ќе имаше во некој манастир по некој избркан калуѓер или калуѓерка од Србија за да го доуништи и тоа што беше останало од мк. манастири. Мирка ај напиши нешто арно за некого а не до пладне да ги мразиш сите а попладне и себе си! Во сите манџи сакаш да бидеш запршка.

  4. Почитуваната “госпоѓа” се гледа дека има добар ментор-владиката Петар, кој долги години ја држи во заложништво МПЦ-ОА Поглаварот, Синодот кој вешто го манипулира, уценува и условува само за свои цели, додека на јавноста им вели дека е загрижен за црквата, името и државата. Во негов стил е да се заканува дека ќе излезе во јавноста на медиумите да проговори за скандали, проневери и што уште не во Синодот. А за жал самиот за себе е си е прикаска за себе. Истиот тој има куп скандали- ТАТ, Нишкиот договор , Јован Вранишковски, криминал со соборниот храм во Биотла во кој последен момен денешнава власт го спаси и многу други кои вешто ги сокрива. Во негов стил е да ги користи личностите и откако ќе ги искористи и ќе му ја завршат работата ги отфрла,така ќе биде и со дотичнава – госпога. Додека за црковни лица или верници по можност и ги рашчинува или екскумницира. По она језуитското целта ги остварува средтвата. Се истоветува со државата – срамота. Место да ја гледа вистинската духовност, а не лицемерие и лукавост. А се знае кој е лукавиот. И во овој случај знае дека е ископромитиран до немај каде во Македонија во Австралија и сега го менува стилот на напади. Тој е махер да на некого му направи случај за расчинуванје, но и за помилување, ако е од неговиот табор. Во заложништво ги држи сите затоа и се одржува во Австралија и во Македонија. За свештениците во неговата епархија во Македонија не го интересира дали имаат здраствено и пензионерско осигурање. За монаштвото да не кажеме не го ни спомнува. Освен само некои привелигирани како неговиот секретар фнук Никола Грамбозов кој му е мозокот и затоа добро е награден….
    Народот македонски треба да знае владиката плачи за Србија, само вешто се крие за сегашнава власт. Бидејќи која власт доаѓа така го менува гунчето.

  5. Mirka zasrami se! Eftini stosovi prodavas. Site znaat ti gi serviral vladikata Petar. Se prodade za pari. Avstraliskite dolari dobro ti dojdoa. Ama i sramot ke ti dojde. Nemas pojma sto se slucuva vo Avstralija a sakas da kazes nesto. Ama znaj nikoj ne ti veruva. Lugeto ovde poveke gi znaat rabotite od tebe. Se ti e dzabe.

  6. Драга наша Мирке, не се разбирам многу во политика, но едно знам. Сум прочитал стотина ваши колумни и сум се почуствувал еуфорично просто крвта ми врие, но кога за прв пат прочитав нешто од дедо Наум солзи ми потекоа. Да си ми жива и здрава.

  7. Луге браќа остајте ја жената да си го искаже своето мислење секој си има право на тоа , а дали ја кажува вистината (а ја кажува) ке видиме времето ке си покаже …..

Напиши одговор на кире Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *