Грузиските медиуми ја објавија постаката што според Уставот на Грузиската црква е предвидена за избор на нов Патријарх. Изборот на наследник на Илија е суштински, а може да се нарече и државно прашање во оваа држава.
Овој избор на поглавар на Грузиската црква ќе биде прв, од независноста на Грузија во 1991 година. Воедно изборот ќе се спорведува и по новата постапката за избор, што беше утврдена со Уставот на Православната црква на Грузија, усвоен на проширен собор од 18–19 септември 1995 година. Тие измени предвидуваат механизми со кои треба да се спречат надворешни влијанија. Во тој контекст еден од клучните услови кој може да биде патријарх на Грузија е тој да мора да биде Грузиец по етничка припадност.
Новиот Патријарх на Грузија се избира од страна на Проширен собор на Православната црква на Грузија. Според Уставот за управување на Црквата, местобљустителот на патријаршискиот престол е должен да го свика Соборот најрано по 40 дена и најдоцна во рок од два месеца од испразнувањето на престолот.
Постапката за избор прво предвидува избор на кандидати. Пред одржувањето на Проширениот собор, се свикува седница на Светиот Синод, на која се избираат кандидатите за патријарх.
Кандидатот мора да ги исполнува следните услови:
-да е етнички Грузиец
-да е епископ на Православната црква на Грузија
-да има богословско образование и значително искуство во црковно управување
– да е на возраст од 40 до 70 години
– да е монах
Од сите владици кои ги исполнуваат условите, Светиот Синод избира тројца кандидати кои се предлагаат пред Проширениот собор. Секој член на Синодот има право да предложи по еден кандидат, вклучително и самиот себе. Тројцата епископи со најмногу гласови стануваат официјални кандидати.
Процес на гласање
Право на глас за избор имаат само епископите. Доколку во првиот круг никој кандидат не освои повеќе од половина од гласовите, се одржува втор круг, во кој учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови.
Кандидатот кој ќе добие повеќе од половина од гласовите на присутните епископи на Соборот се избира за нов Патријарх на Грузија.
До изборот на нов Патријарх, Црквата ја управува местобљустителот на патријаршискиот престол. На таа функција од 23 ноември 2017 година се наоѓа митрополитот Шио (Муџири).

