Кој е Никола, новиот митрополит Австралиско-новозеландски?

Date:

Share post:

По 28 години поминати како монах, Никола ќе го преземе управувањето на една од најтурбулентните епархии во историјата на МПЦ-ОА. На митрополитскиот трон седнува на 52 години, откако владиката Петар по 30 години се повлекува од Австралија.

Новоизбраниот митрополит е роден во 1974 година во Скопје. Нема завршено Богословски факутет, а слично како и за митрополитот Григориј, Синодот како богословско образование му ги смета постдипломските студии. Нив ги завршува на Богословскиот Факултет Свети Климет Охридски во Софија во 2008 година. Темата на која работи и го одбранува магистерскиот труд е „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20-иот век“. Трудот во форма на книга е објавен на македонски и руски јазик. На истот Универзитет во Софија е и Докторант. Во црковните кругови важи за пријател на Руската црква.

Факултетско образование има завршено во Скопје каде дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Средновековната литература ја проучува на двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага.

Во манастирите на МПЦ влегува во 1998 година, кога е замонашен во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин.

Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово, таму ќе остане се до изборот на нов Митрополит.

Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит. Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.

Во неговата биографија е наведено и дека од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на манастирскиот комплекс во Мариово се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија. Во манастирот има уште еден монах.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img