Со голема литија од Црквата „Св. Вмч. Георгиј“ до градскиот плоштад и со свечена литургија и вечерна богослужба, Кочани го одбележа патрониот празник и денот на Свети Апостол Петар, заштитник на градот.
На празничната литија со Иконата на Светите Апостоли Петар и Павле, присуствуваа голем број верници и претставници на локалната власт од Кочани.
Со петровденските чествувања чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички, г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир, Архимандритот Дамаскин.
Пред светата литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во чтец богословот и теолог Мартин Митев од Соколарци – кочанско.
ГАЛЕРИЈА:








































