Кислица му возврати на Макрон во однос на РПЦ: „Таа е дел од криминалниот режим“

Date:

Share post:

„Руската православна црква (РПЦ) не е предмет на манипулација на режимот на рускиот претседател Владимир Путин, туку нејзин составен дел“. Ова на 24 октомври на Твитер го изјави постојаниот претставник на Украина во ОН, коментирајќи ги зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Макрон рече дека Руската православна црква дозволува да биде манипулирана, за да се оправда војната во Украина и ја повика да се спротивстави на таквиот притисок… Важното тука не е тоа што таа е „манипулирана“, туку напротив, е составен дел од криминалниот режим, “, рече Кислица.

На 23 октомври, во Рим, за време на говорот на меѓународна конференција, Макрон рече дека Руската православна црква му дозволува на Кремљ да манипулира со неа, за да ја оправда војната на Руската Федерација против Украина. Тој нагласи дека, покрај одобрувањето, постои можност за уште една реакција – „верските водачи ја играат и улогата на отпор кога се соочуваат со бесмисленоста на ваквите настани“.

Говорот на францускиот лидер во салата го слушаше вториот човек (според Ројтерс) во хиерархијата на Руската православна црква по патријархот Кирил, митрополитот Антониј. По зборовите на Макрон, тој одби да ги коментира пред новинарите.

Контекст:

Патријархот Кирил од Руската православна црква ја поддржа руската воена инвазија врз Украина. Во својата проповед на почетокот на март, тој ја оправда инвазијата со тоа што Русија наводно го бранел народот на Донбас. Во јуни, Кирил рече дека руската армија се бори во Украина поради „внатрешното чувство воспитано од православната вера“ и наводно „ја брани Русија на бојното поле“ во Украина. Во септември, тој за време на проповедта рече дека смртта во војната во Украина „ ќе ги измие сите гревови“ на оние што ќе загинат за Русија.

Заради поддршка на војната, Велика Британија и Канада воведоа санкции против Кирил. Литванија му забрани влез на патријархот пет години. Во исто време, санкциите против поглаварот на Руската православна црква не беа поддржани на ниво на ЕУ поради позицијата на Унгарија.

Православната црква на Украина започна процес за екскомуникација на Кирил од престолот за духовни злосторства.

На 31 август, за време на 11-то пленарно собрание на Светскиот совет на црквите, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го обвини раководството на Руската православна црква за вмешаност во војната против Украина и ги повика сите присутни да се спротивстават на пропагандата на Руската православна црква.

2 COMMENTS

  1. Кога дошол ден еден Макрон да биде цитиран во врска со неговото мислење за Рускиот Патријарх! Тоа не се коментира, за тоа не се ни размислува.

  2. Прашање до Кислица: А, каков е режимот во Киев кој дојде на власт со преку 100 жртви на Мајдан и 50 жртви во масакрот во Одеса? Да не е , картелско – јужноамерикански ?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img