Почетна Политичка теологија Српски научни лекции за Македонија два дена во Свети Прохор Пчински
Српски научни лекции за Македонија два дена во Свети Прохор Пчински

Српски научни лекции за Македонија два дена во Свети Прохор Пчински

273
2

Голем научен собир организира Врањскарта епархија во манастирот  Свети Прохор Пчињски од денеска до сабота 29 октомври. Научната конференција е насловена „Српскиот народ во стара Србија и Македонија од 1766 до 1991 година“. Во организацијата на настанот се вклучени Народниот музеј од Врање, Центарот за историски истражувања на Филозофскиот факултет во Ниш, а е посветн на 110 годишнината од ослободувањето на Пчињскиот крај од Турците.

Во програмата се поместени серија предавања, а настанот ќе заврши со посета на манастирот Свети Ѓорги во Старо Нагоричане и на спомен костурницата Зебрењак во Македонија.

Настанот ќе го отвори Врањскиот епископ Пахомије, а меѓу темите на кои ќе се дискутира се наведени имиња од неколку научни српски институции.

„Срби у кумановском срезу у xix и xx веку“, „Геополитичке прилике у Старој Србији уочи балканских ратова и македонско питање“,  „Комунистичка штампа о Македонији и „македонској нацији“ 1925-1941.“,  ‘Македонско питање” у совјетској балканској политици (прва половина 1920-их година),  „Стара Србија и Македонија у антропогеографским истраживањима“,  „О положају Врања у оквиру Скопске митрополије“, се само дел од насловите за предавањата овие два дена.

Во програмата нема детали за учество на македонски научници.

Коментар(2)

  1. Šteta e što nema učestvo na Makedonski naučnici, a ušte pogolema što nema bugarski i vatikanski naučnici da prezentiraat poobjektivni svedoštva, oti tie se porealni i poobjektivni so svoite svedoštva za istorija na Balkanot, ama ne znam kako bi ti se na tebe dopadnale, bidejki se gleda deka osobeno bugarskite mnogu ti se dopađaat.

  2. Makedonskite naučnici ne došle, bidejki se zazemeni vo raspravii so bugarskite i otkako će utvrdat, dali seušte ne se bugari, togaš će dojdat.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *