Почетна Вести Кавазовиќ до Грабар-Китаровиќ: Довербата не се гради со осомничување и подигнување на тензии
Кавазовиќ до Грабар-Китаровиќ: Довербата не се гради со осомничување и подигнување на тензии

Кавазовиќ до Грабар-Китаровиќ: Довербата не се гради со осомничување и подигнување на тензии

200
0

По повод повторените тврдења на претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ на собирот во Неум за наводна радикализација на Бошњаците реагираше реису-л-улема на Исламската заедница во БиХ, Хусеин еф. Кавазовиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).

-Со оглед на мојата решителност да во духот на учењето на нашата вера за трпението како човечка доблест и со желба со своето делување да придонесам кон смирување на страстите и градењето доверба помеѓу народите и државите во нашиот регион, не реагирав на овие сериозни обвинувања кои можат да се разберат како етикетирање на цел еден народ е една верска заедница”, истакна Кавазовиќ.

7025KavazovicОдлучил, како што вели, да не реагира ниту кога претседателката на Хрватска дала интервју за „Defense News” во кое ги обвинила муслиманите од Босна за радикализам, кога кажала неколку неточни податоци за новдни илјадници борци кои се враќаат во Босна и Херцеговина од сириската војна, кога ја повикала државата БиХ доколку треба да побара помош од  Исламската заедница во Хрватска во борбата против насилниот екстремизам, со што се оспорува капацитетот на ИЗ во БиХ, чии што составен дел е и Мешихатот на ИЗ во Хрватска.

„Сето тоа како и постојаните мешања и патронизирања на Бошњаците ги премочувавме поради добрососедските односи и нашата желба заеднички да соработуваме и да ги решаваме сите отворени прашања. Радикализмот од секој вид, без оглед дали бил од мала група на верски екстремисти во Босна или исто така мала група на неофашисти поради кои Хрватска, исто така, е под притисок на домашната и светската јавност, претставува заеднички проблем на сите нас и тој не би требал да се политизира. Ова што сега го имаме е опасно етикетирање на муслиманите во БиХ во еден исклучително исламофобичен амбиент кој доминира во светската политичка и медиумска сцена и кој би можел да биде исклучително опасен. Јас се надевам дека госпоѓа Грабар-Китаровиќ не е свесна за можните последици од воспоставување на таквата слика за исламот во Босна и дека сето тоа што го зборувала и правела не е злонамерно и со цел на тој начин да се ослабне политичката позиција на Бошњаците за да од нив се изнудат дополнителни политички остапувања”, појасни Кавазовиќ.

Како што рече, може да ја разбере потребата на хрватската претседателка да покаже дека се грижи за босанските Хрватски, но смета дека таа јасно, дека со притисоците и уценувањата од надвор не може да постигне напредок во БиХ.

„Довербата не се гради со осомничување и подигнување на тензии. Исто така, се надеваме дека официјален Загреб не чувствува дека го губи приматот пред политичкиот Белград во регионот па дека тие повторно преку Босна како и во 1992. година, водат некои свои војни. Без оглед на сите обиди на политизација и притисоци од надвор, традиционалниот, отворениот и космополитскиот ислам во БиХ ќе преживее како што босанскиот дух на заедничкиот живот ќе ги преживее овие тешки времиња на наметнати поделби”, рече Кавазовиќ.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *