Почетна Вести Пентагон за нападот на џамијата во Сирија: Наша цел не беше џамијата
Пентагон за нападот на џамијата во Сирија: Наша цел не беше џамијата

Пентагон за нападот на џамијата во Сирија: Наша цел не беше џамијата

146
0

Пентагон, во врска со тврдењата за нападот на џамијата во цело Џанех на западот на сирискиот град Алепо, соопшти дека американските сили изведоа воздушен напад во спомнатото село, напоменувајќи дека сепак нивната цел не била џамијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Гласноговорникот на Пентагон Џеф Дејвис на конференцијата за медиумите истакна дека целта на американските сили бил објект кој се наоѓа покрај џамијата.

pentagon„Постојат одредени тврдења дека гаѓавме џамија. Секако дека наша цел не беше џамија и никогаш не би направиле такво нешто”, рече Дејвис, кој на новинарите им покажа фотографија на која се гледа погодена зграда која е поголема од џамијата, а која се наоѓа покрај самиот верски објект, додавајќи дека сепак не знае дали погодениот објект и џамијата се на некој начин поврзани.

„Тука се одржуваше состанок на ал-Каеда која ја следевме”, рече Дејвис, напоменувајќи дека не знае со која цел припадниците на ал-Каеда го користеле спомнатиот објект.

Истакна дека во зградата, која ја погодиле, во тој момент се наоѓале високорангирани членови на ал-Каеда.

На крај додаде дека САД ги истражува тврдењата дека во нападот загинале бројни цивили.

Потсетуваме, во воздушен напад на џамијата во село Џенех на западот на сирискиот град Алепо загинаа најмалку 58 лица, додека се ранети десетици лица. Локалните функционери наведуваат дека нападот се случил во моменти додека верниците џо џамијата извршувале верска молитва.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *