Почетна Вести Египет: Папата Франциск во април доаѓа во посета
Египет: Папата Франциск во април доаѓа во посета

Египет: Папата Франциск во април доаѓа во посета

45
0

Египет потврди дека папата Франциск во текот на последната недела во април ќе дојде во официјална посета на оваа мнозинско муслиманска земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Ала Јусеф, портпаролот на египетскиот претседател изјави дека посетата на папата Франциск ќе биде одговор на повикот кој му го упати претседателот Абдел-Фатах aл-Сиси, кој веќе се состана со папата во прилика на посета на Ватикан кон крајот на 2014 година.

papa-francisk-ssЈусеф нагласи дека папата ќе се состане со претседателот Ел-Сиси, но и со шеикот Ахмед ал-Тајеб, големиот имам во Египет и со папата Тавадрос II, духовниот водич на египетските коптски христијани.

Тој додаде дека Египет се надева оти посетата на папата ќе го зацврсти „духот на толеранцијата и дијалогот” меѓу следбениците на различни вери, и додатно ќе го изолира екстремизмот и тероризмот.

И од Ватикан потврдија дека папата Франциск ќе отпатува во пасторална посета на Египет на 28 и 29 април.

/A.A.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *