Католиците од византиски обред го прославија Велигден во Струмица

Date:

Share post:

Католиците од византиски обред, кои се дел од Католичката црква во Македонија, денеска го слават Христовото Воскресение Велигден.

Главната воскресна литургија се одржа во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија.

Литургијата ја предводеше Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, заедно со свештеници од Католичката црква.

-И овие наши слаби свеќи во рацете се посилни од сонцето, бидејќи тие нѐ осветлуваат со светлината на верата и нас и Струмица и целиот свет, бидеќи со очите на верата се гледа повеќе отколку со физичките очи на кои им е потребна сончева светлина. Не се тоа два света, туку свет и надсвет, бидејќи од онаа Божја светлина кон нас се спушта не физичка, туку далеку поважна светлина на Духот во која ја гледаме смислата на постоењето на животот, смртта и воскресението, рече Бискупот Стојанов на литургијата.

-Факт е дека за некој ден нашата црковна заедница ќе го доживее еден од најголемите денови во нашата историја, а тоа е Пасторалната посета на папата Фрањо. Прилика да не зацврсти во верата, сепак самата Папска посета не прави ништо посебно ако нашето срце не е отворено и нашата душа гладна, жедна за вистината што Тој преку своето навестување ќе ни ја донесе. Во оваа воскресно празнување наша темелна молитва е: Исусе воскреснат влези во нашите срца и дај да се препознаеме во средбата со твојот слуга и поглавар на твојата Црква и да доживееме охрабрување во својата вера. И таа темелна вера во неговата  присутност ни засветли со ново светло и нашите уморни светилки бидат наполнети со свежо масло за да да можеме и на генерации што доаѓаат после нас тоа светло да го предадеме што сме го примиле во средбата со Светиот Отец…Браќа и сестри, со таква или слична молитва да се подготвиме сега веќе непосредно ништо да не нѐ спречи да отидеме на средба и уште поважно Божјата милост на овој Велигден нека не охрабри многу за да можеме апостолското патување да го примиме како обнова на нашата вера. А што е обнова на верата, ако не обнова на крсните ветувања и крсната милост. Нека оваа Божествена Литургија биде отвореност на Духот за средба со Христос, зашто ја видовме неговата слава – слава која ја има како Единороден полн со милост и вистина – и тоа ви го навестуваме. Христос воскресе!, изјави Стојанов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img