Извештај на САД – Руската црква вмешана во киднапирање на украински деца

Date:

Share post:

Комисијата на САД за меѓународна верска слобода одржа сослушувања во Вашингтон за влијанието на нарушувањата на верската слобода врз децата. Правниците и експерти се фокусираа на улогата на Руската православна црква во присилната депортација и обидите за уништување на украинскиот идентитет кај малолетниците, објави христијанскиот портал „Слово за Словото“.

За време на сослушувањата, Владислав Гаврилов, истражувач на Универзитетот Џорџтаун, изјави дека руската држава ја користи Руската православна црква како активен инструмент во целосната инвазија. Според него, структурите на Московската патријаршија се директно вмешани во процесот на депортација на украински деца.

Многу од киднапираните деца биле сместени во привремени засолништа, од кои некои се финансирани и управувани директно од Руската православна црква. Руското Министерство за вонредни ситуации работи во тесна соработка со црковните структури за координирање на овие активности.

Претседателката на комисијата, Вики Хартцлер, нагласи дека окупаторите намерно ги таргетираат украинските деца, обидувајќи се да го избришат нивниот културен и верски идентитет. Руската православна црква помага во спроведувањето на програми за идеолошка индоктринација и воена обука, чија цел е киднапираните деца да ги заборават своите корени.

Заменик-претседателот на комисијата, Асиф Махмуд, истакна дека ваквите дејствија предизвикуваат длабока психолошка траума кај децата, која остава долготрајни последици.

Врз основа на изнесените факти, експертите ја повикаа американската влада да воведе насочени санкции против лица и организации вмешани во овие злосторства. Особено беше предложено на листата со санкции да биде вклучено високото раководство, односно високиот клир на Руската православна црква, кое е директно одговорно за олеснување на присилното раселување на украинските деца.

Комисијата на USCIRF вети дека ќе продолжи да врши притисок врз владините агенции на САД за заштита на правата на децата и за борба против верскиот прогон што се користи како оружје во војната.

/hristianstvo.bg

1 COMMENT

  1. Ах, тие денешни експерти и истражувачи…
    Американски фаназии без граници? Да ги разгледаме кариерните патеки на цитираните. Владислав Гаврилов, дипломирал на Православната Семинарија во 2014 г. и се стекнал со магистерска титула по религиски студии на Националниот Педагошки Драгоманов Универзитет и по историја на Националниот Универзитет “Тарас Шевченко” во Киев. Значи, не е инспектор, не е офицер на разузнавачки служби, не е висок воен оперативец со специјални обуки за вакви истраги, ама е официјално лице овластено да даде квалификации за трагата на наводно киднапирани деца од силите на Руската Федерација и неговото мислење на таа тема е високо релевантно за Georgetown University. Човекот е теолог и историчар со фино кеширана индоктирнација која го инспирира да прави секакви експертизи за потребите на своите работодавци.
    Асиф Махмуд е општ лекар, активист за човекови права, организатор за меѓу-расни и меѓу-верски заедници, и филантроп. Водео многубројни кампањи за човекови права со фокус на Јужна Азија. Бил делегат на Демократската Национална Конвенција од 2008 до 2016 г. и одиграл многубројни улоги во претседателски кампањи. Моментално е член на Управниот Одбор на Мисијата за надеж, еден од најголемите центри за згрижување бездомници во Калифорнија.
    Вики Хартцлер, релативно солидна, успешна конзервативна американска политичарка, републиканец, имала ингеренции и во воените политики на САД. Освен неа, горенабројаните соработници/стручњаци, се најобични платени гласноговорници со нарачани наративи, без никакви конкретни способности да ги поткрепат нивните изјави или експертизи со факти од терен или да употребат какви било професионални техники на анализирање на факти пристигнати од соодветни оперативци. Такви платеници и САД и другите влијателни западни структури имаат по светотми во своите разно-разни комисии, интитути итн.
    Тешко кој од православните христијани ќе поверува дека Русите киднапирале украински деца и дека денес од некоја причина насилно ги асимилираат во Русија, а најмалку дека Рускиот Патријарх или Руската Православна Црква учествуваат во некоја таква мисија. Но, луѓето најчесто резонираат за другиот онака како што самите би постапиле.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img