408
0
Првата баптистичка црква во Вејкфилд, во Масачусетс, стара 150 години, целосно изгоре во пожар.
Очевидци рекоа дека пожарот бил предизвикан од удар на гром во камбаната на црквата и дека пламенот се проширил со голема брзина.
Иако во време на избивањето на пожарот во вторникот вечер биле во тек часови во црквата, за среќа никој не е повреден. За половина час се изгорело, а потоа целата конструкција се урнала.
Околу 100 пожарникари го гаснеле пожарот, а врелината можела да се почувствува во неколку градски блокови.