Почетна Вести Европа Папата Франциско: Хитлер ни покажа каде води популизмот
Папата Франциско: Хитлер ни покажа каде води популизмот

Папата Франциско: Хитлер ни покажа каде води популизмот

126
0

Папата Франциско во својата проповед се заложи за толеранција кон бегалците и предупреди на опасностите од популизмот споменувајќи го и Адолф Хитлер.

Франциско ја нагласи потребата младите луѓе да бидат запознаени со војните во 20 век за да не ги повторат грешките и да знаат како се шири популизмот.

„Да се потсетиме на Хитлеровата ’32. и ’33. година и на човекот што ветуваше развој на Германија“, рече папата, додавајќи дека треба да се знае како почнуваат проблемите.

Тој зборуваше на промоцијата на книгата за мудроста на постарите луѓе за време на која присутните му поставуваа прашања.

Папата Франциско ги анализираше популизмот и наследството од светските војни откако една постара жена што мигрантите ги учи италијански рече дека е згрозена од ставовите кон бегалците.

Папата рече дека Библијата упатува на срдечно пречекување на мигрантите, но рече и дека владите имаат право да ја ограничат имиграцијата.

„Владата мора да биде отворена кон примањето и интеграцијата, но има право да биде претпазлива и да каже колкав број мигранти може да прими“, објасни тој.

„Затоа е важно за цела Европа да ги утврди условите за решавање на овој проблем, така што земјите што се на првата линија, како што се Италија, Шпанија и Грција, да не бидат препуштени на непропорционална дистрибуција на бегалците“, заклучи папата Франциско.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *