Почетна Вести ИВЗ во Србија пред обединување, откако Зукорлиќ замина во политика
ИВЗ во Србија пред обединување, откако Зукорлиќ замина во политика

ИВЗ во Србија пред обединување, откако Зукорлиќ замина во политика

114
0

Реисот на Исламската заедница од Србија, Адем Зиклиќ испратил писмо до претседателот на Мешихатот на ИВЗ во Србија, Мевлудим Дудиќ во кое бара разговори за надминување на недоразбирањата помеѓу двете раководни структури.

-Помина осум години и пет месеци како не сме заедно. Во оваа прилика нема да навлегувам во причините, ниту во тоа кој е повеќе, а кој помалку виновен, бидејќи тоа нема да донесе решение, напишал врховниот поглавар на ИВЗ во Србија, констатирајќи дека со заминувањето на Муамер Зукорлиќ од местото муфтија се создадени услови, а пред се потреба да се разговара за тоа што ги оптеретува односите.

Рејсот Зиклиќ очекува таа средба да се случи пред празникот рамазан.

Мешихатот на ИЗ соопшти дека е подготвен за разговор за враќање на единството.

Исламската верска заедница од 2007 година е поделена, поради дејствувањето на контроверзниот муфтија во Санџак, Зукорлиќ. Тој неодамна поднесе оставка и најави дека заминува во политика.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *