Почетна Вести ИВЗ благодарна на Царината за брзите процедури за аџиите
ИВЗ благодарна на Царината за брзите процедури за аџиите

ИВЗ благодарна на Царината за брзите процедури за аџиите

142
0

Заменик директорот на Царината, Лавредим Велиу се сретнал со гостиварскиот Муфија, Хафиз Џаќир. Средбата била во просториите на Муфтиството во Гостивар.

Гостиварскиот муфтија сакал лично да му се заблагодари на заменик директорот Велиу за успешно завршените царински процедури за аџиите кои беа на аџилак годинава.

-Во ова средба се зборувало за многу работи кои го опфаќат нашето општество. Целта на посетата беше Муфтиството да му изрази благодарност на заменик директорот и на неговата екипа. На последниот аџилак, аџиите кои патувале со ИВЗ посебно аџиите од Гостивар, како никогаш порано ги поминале сите царински процедури без никаков проблем. За тоа нешто муфтијата Фтаху со неговите соработници му изрази благодарност за овој гест на заменик директорот, велат од гостиварското муфтиство.

Muftija Gostivar 1

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *