Иринеј: Нашиот мал чамец, секогаш бил врзуван за големиот руски брод

Date:

Share post:

Српскиот патријарх Иринеј, минатата недела во Белград го потпишал договорот за продолжување на руското учество во проектот за доизградба на храмот Свети Сава на Врачар, кој е најголемиот храм на СПЦ. Финансирањето е овозможено од Газпром, а договорот претставува втор дел од реализацијата во последните години.

Во 2016 година беше потпишан првиот дел од договорот според кој истата компанија подари 4 милиони евра за внатрешно доуредување на црквата. Во официјалната информација сега не се споменува колкава е новата сума која СПЦ ќе ја добие, но за време на последната посета на рускиот претседател Владимир Путин обелодени дека руската страна ќе додели уште 5 милиони евра на СПЦ за оваа црква. Тие средства ќе бидат искористени за мозаикот во олтарот.

На потпишувањето на договорот од страна на РПЦ присуствувал и Николај Балашов, заменик претседател на Одделот за надворешни црковни односи.

-Уверени сме дека соработката и взаемната поддршка меѓу Русија и Србија, меѓу РПЦ и СПЦ зазема централно  и свето место во нашите животи, изјави Балашов.

Српскиот патријарх пак спомнал дека Русија секогаш и помагала на Србија низ вековите.

-Рускиот и српскиот народ не се врзани само во соработката. Ги обединува и зближива и верата и историското и културното наследство. Русија е моќна држава, вие сте голем народ. Ние сме мал народ, но Србите секогаш го врзувале својот мал чамец, кон големиот руски брод, изјавил Иринеј.

Катедралната црква Свети Сава во Белград е замислена како најголема православна црква на Балканот. Нејзината изградба почнува во 30-тиите години на минатиот век, на местото каде османлиските власти ги запалиле моштите на Свети Сава Српски. Изградбата е возобновена во 1985 година. Во 2012 година во Москва е потпишан договор меѓу министрите за надворешни работи за руско учество во внатрешното доуредување на црквата.

/двери.бг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img