Грузискиот патријарх ќе има државен погреб – сите клучни институции вклучени во организацијата

Date:

Share post:

Погребот на починатиот патријарх на Грузија и целокупната процедура околу организацијата ќе ја прави државата, преку државна комисија, која ќе биде основана за овој чин.

Оваа одлука е резултат на состанокот што за оваа тема го организираше државниот врв. Сите организациските прашања поврзани со погребот на Грузискиот патријарх ги разгледуваа претставници на Црквата, и премиерот Иракли Кобахидзе, Претседателот Михаил Кавелашвили, Спикерот на парламентот, Шалва Папуашвили, Каха Каладзе, градоначалникот на Тбилиси, Мамука Мдинарадзе, шефот на Државната служба за безбедност на Грузија, Анзор Чубинидзе, шефот на Специјалната државна служба за заштита на Грузија и други членови на Владата.

-На состанокот беше истакнато дека ќе биде формирана државна комисија која ќе се занимава со организациските аспекти на погребот. Претставници на грузиските власти исто така ќе учествуваат во работата на комисијата формирана од Патријаршијата, стои во сооштението по средбата.

Деновите на жалост ќе траат до денот на погребот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img