
Најеминентниот руски теолог, ѓаконот Андреј Кураев ја напуштил Русија и се преселил во Чешка. Веста ја овјави самиот посочувајќи дека „Неговиот московски свет е срушен“.
Отец Кураев, кој важи за жесток критичар на црковната политика на Патријархот Кирил, вели дека во Прага и во Европа има намера да организира предавања и јавни средби, а своето заминување од Русија го оценува како „трудова миграција“
-Се надевам дека е сезонска, вели о. Кураев.
Кураев е најпознатиот руски теолог, а неговите книги се преведени на голем број јазици. Еден од парвославните свештеници кои успева да ги доближи младите до црквата.
Од почетокот на воената агресија на Русија врз Украина, Кураев застана зад антивоената позиција, оценувајќи дека политичкиот и црковниот живот во државата ќе се претвори во диктатура. Во август 2022 година беше осуден и казнет со 30000 рубљи за обвинение за „дискредитација на армијата“. Во април 2023 Патријархот Кирил го санкционираше поради „деструктивни активности“.