
Рускиот Патријарх: По Божја промисла е создадено нуклеарното оружје за Русија да стане независна и слободна држава
Рускиот патријарх Кирил повторно ја скандализира светската црковна јавност. Нуклеарното оружје создадено во Русија го прогласи за „Божја промисла со цел Русија да биде независна и слободна“.
Оваа скандалозна и антихристијанска изјава, Кирил ја дал за време на одликувањето на научниот директор на федералниот нуклеарен црнтар. Дополнително објансувајќи дека нуклеарното оружје развиено во Саров Нижегородската област овозможило Русија да стане независна и слобдна држава.
Според ТАСС, Патријархот Кирил го прогласил Свети Серавим Саровски за покровител на сите руски нуклеарни работници.
-Тие создадоа нуклеарно оружје под покровот на Св. Серафим Саровски, затоа што по неизмерна Божја промисла тоа оружбе беше создадено во манастирот на Преподобниот Серафим. Благодарение на таа сила Русија остана независна, слободна и се разбира сите ние треба во срцата и во паметта да го чуваме тој значаен подвиг на нашите научници, кои во суштина ја спасија државата, изјавил Рускиот патријарх Кирил.
Во Сарафов се наоѓа рускиот федерален нуклеарен центар кој развива и произведува никлеарни боеви глави. Во 2019 година центарот нарача 76 икони на Свети Серафим Саровски со кристали.