Почетна Вести Франциск ќе биде првиот папа кој ќе влезе во џамијата во Рим
Франциск ќе биде првиот папа кој ќе влезе во џамијата во Рим

Франциск ќе биде првиот папа кој ќе влезе во џамијата во Рим

102
0

Папата Франциск може да биде првиот Папа кој ќе ја посети и ќр вчезе во големата Џамија во Рим. Такав можност се отвара откако денеска добил официјална покана за посета на џамијата од муслиманската заедница во Ватикан.

Франциск на општата аудиенција на 20 јануари ги примил и претставниците на „муслиманската амбасада“, кои по неодамнешната посета на Франциск на Синагогата во рим, го поканиле да биде нивни гостин и во „Големата џамија“.

Од Ватикан нема најава дали Франциск ќе ја прифати поканата, но познавајќи ги неговите ставови за дијалог меѓу религиите, таквата можност не се исклучува. Италјанските медиуми веќе шпекулираа и со можен термин за посета, на што Ватикан изјавил дека тоа нема да се случи пред 27 јануари за кога е закажана средбата на Папата со иранскиот Претседател, Хасан Рухани.

Франциск веќе влезе во џамија во Турција и во Африка, како и во еден од најсветите храмови на Исламот во Ерусалим.

Прв папа кој влегол во Џамија беше, Јован Павле Втори, кој во 2001 беше во џамијата во Дамаск.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *